1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Победнички но и разочарувачки

За Германија, која традиционално е една од најмоќните нации во зимските спортови , првите два дена од Олимпијадата беа денови на целосен контраст. Првиот победнички , вториот разочарувачки .

default

Михаел Грајс од Неселванг и Георг Хетих од Шонах го разубавија почетокот на 20 Олимписки игри за германскиот тим, искачувајќи се на врвот на победничките пиедестали во своите спортови , Биатлон и нордиска комбинација .

Со 29 години Михаел Грајс во вистинската смисла на зборот се искачи на Олимп. Во Сан Сикарио во саботата попладне тој ги остави ците конкуренти зад себе и со тоа го прослави најголемиот успех во својата досегашна кариера . Со само еден единствен промашен истрел тој ги победи Норвежаните Оле Бјерндален и Харвалд Ханеволд кои останаа на второто и третото место:

„Многу се радувам што направив толку убава работа. Имав перфектна трка . Имав и добра форма , погаѓав добро , и навистина ми е мило што го освоив првиот златен олимписки медал тука во Торино. “ -изјави Грајс по триумфот.

Со два извонредни скијачки скока и со срце истрчани 15 километри , Георг Хетих извојува пак сензационална победа во натпреварувањето во нордиска комбинација . 27 годишниот Германец на првиот ден од натпреварувањето на 20-те Зимски Олимписки Игри успеа зад себе да ги остави австриецот Феликс Готвалт и Норвежанецот Магнус Моан . Ова е прв олимписки златен медал во нордиска комбинација за Германија од 1980 година , кога Улрих Мелинг победи во Лејк Плесид.

Хетих не можеше да верува што успеал да постигне:

„Сеуште не можам да верувам. Олимписки победник . Мислев тоа го има само на телевизија . Меѓутоа работите не тргнаа најдобро на почетокот , и тогаш помислив : сега се треба да преземеш во свои раце . Останатото одеше само од себе“.

Но по еуфоријата од првиот ден на олимпијадата во Торино , вториот ден беше ден на големо разочарување за германските спортисти .

Ѕвездите во брзо лизгање Ани Фризингер и Клаудија Паекштајн останаа со празни раце на трката од 3000 метри . Златото го освои Иреен Вуст од Холандија .

„Дадов се од себе а победничката извозе една храбра трка . Таа ја заслужи победата“ – изјави по трката Ани Фризингер.

Во санкање едносед Георг Хакл истотака остана без медал . Златото отиде во рацете на домашниот натпреварувач Армин Цегелер .

Ветеранот Георг Хакл меѓутоа не беше разочаран од исходот:

„Да, Уживав во трката . Веќе сум го доживеал тој успех и сега се радувам на животот потоа“

За изненадување во вториот ден од натпреварувањето се погрижи и французинот Антоан Денериа , кој го освои златото во спуст пред австриецот Михаел Валхофер и швајцарецот Бруно Кернан.

Во скијачко трчање на 30 километри победи русинот Јевгени Дементиев , а германецот Тобијас Андерер кој важеше како фаворите пред трката го освои само 12-то место . Во жеснаката трка на двапати по 7.5 километри златото Кристина Сигун од Естонија.

Шанса за медал на вториот ден од натпреварувањето пропушти и Михаел Урман , членот на германската репрезентација во скијачко скокање. Тој беше само четврти , во натрпреварувањето во кое победи Норвежанецот Ларс Бистел .

Второто место го освои финецот Мати Хаутамеки а третото Роар Лекелсеј , и тоа само со половина поен повеќе од Урман:

„Половина поен , тоа значи дека кога веројатно еден од судиите би дал половина поен повеќе , тогаш би го освоил бронзениот медал, но вака со четврти и не знам дали другпат во животот би имал ваква шанса . Значи во моментов тоа е навистина горко“ - зборуваше искрено за пропуштената шанса Михаел Урман.

Сепак златните медали од првиот ден од Олимпијадата најавуваат дека Германија и на овие игри ќе се бори за титулата најдобра зимска спортска сила . Во моментов Германија на листата со освоени медали се наоѓа на второто место зад САД , кои имаат два златни и еден сребрен , а пред Норвешка , која има едно злато и по три сребрени и бронзени медали.