1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Победничка серија на Обама

Во трката за номинација за претседателски кандидат од Демократската партија, сенаторот Барак Обама ја победи својата конкурентка Хилари Клинтон во сојузните држави Вашингтон, Небраска, Луизијана и Мејн

default

Обама: славје со причина

Обама речиси се изедначи според делегатските гласови со Клинтон. Во трката за номинација од Демократската партија за претседателски кандидат, сенаторот Барак Обама ја победи својата конкурентка Хилари Клинтон во сојузните држави Вашингтон, Небраска, Луизијана и Мејн. Кај Републиканците поранешниот баптистички свештеник Мајк Хакаби во Канзас и Луизијана однесе јасна победа против фаворитот Џон Меккејн.
Неизвесна трка
Овој викенд очигледно беше негов: Барак Обама речиси ја стигна Хилари Клинтон според бројот делегатски гласови. Трката останува неизвесна, како што се предвиде и по резултатот од т. н . супер вторник кога за претседателска номинација од партиите гласаа 24 сојузни држави. Обама и Клинтон беа гости во Вирџинија во саботата, таму се гласаше два дена. Двајцата остануваат уверени во поглед на своите шанси да бидат номинирани како претседателски кандидат од Демократската партија во август во Денвер. Но, најголема причина за славје има Барак Обама: „ Победивме во Луизијана, во Небраска и во Вашингтон, на север, на југ и во централниот дел, а во втирник ќе победиме и во Вирџинија.“ Обама како дури сега да сфати дека има најдобри шанси да стане претседателски кандидат на Демократите. Споредено со неговите први изборни настапи, сега делува поборбено, помотивирано и попобеднички. Тоа остави впечаток на многумина. Клинтон пак за разлика од претходните настапи овојпат беше потивка. Таа го сврте погледот цела година нанапред, во 2009 година до заклетвата за претседателската функција: „Некој ќе стои на скалите пред Капитол и неговата или нејзината рака ќе лежи на Библијата. Тој или таа ќе положи заклетва како 44 -ти претседател. Мораме да се погрижиме тој да биде од Демократската партија.“ По разочарувачкиот исход на викендот шефицата на изборниот штаб на Хилари Клинтон, Пети Солис Дојл инаку поднесе оставка.
Кај Републиканците исходот е предвидлив
Кај Републиканците е поинаку. Таму по повлекувањето на Мит Ромни , 71 годишниот сенатор Џон Меккејн останува фаворит, иако ривалот Мак Хакаби неочекувано однесе победи во Канзас, Вашингтон и Луизијана: „Луѓето од цела Америка ни приоѓаат. Тоа го потврдува она што отсекогаш го кажував дека оваа трка сеуште не е решена.“ Но, според експертите, исходот од неа е веќе познат. Хакаби на крај ќе остане втор.

►◄