1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Победници се ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

ДИК денеска (06.06) ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори. По обработката на сите гласови, прелиминарните резултати покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ освоила 39%, a СДСМ 32,78%.

default

Демократската унија за интеграција (ДУИ) има освоено 10,24 отсто, ДПА - 5,89 отсто, НДП - 2,67 отсто, ВМРО-НП - 2,51 отсто, Обединети за Македонија - 1,52 отсто, Нова Демократија 1,76 отсто, ЛДП - 1,48 отсто. Излезноста на вчерашните избори е 63,36 отсто, односно вкупно гласале 1.158.459 граѓани. Најмасовно беше во јужните региони со 72 проценти излезени гласачи, додека Албанците во тетовско одвај стигнаа до околу 50 проценти. Поединечните нерегуларности не ги вознемирија многу ДИК, МОСТ, но и дипломатите во Скопје, иако не е исклучено да влезат во забелешките за текот на гласањето и острата предизборна кампања.

Окрупнување на електоратот

На седмите парламентарни избори победија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, секој посебно во македонскиот и албанскиот електорат. Тие и досега, како владечка коалиција, ја сочинуваа Владата на Македонија. Според извори на ВМРО-ДПМНЕ, неговиот

Wahlen in Mazedonien

сојуз од 22 партии, заедно со тројцата од дијаспората, би имале 55-56 пратеници, додека опозициската коалиција 39 места. Од штабот на коалицијата на СДСМ тврдат дека имаат освоено 43 пратеници. Според негови сознанија, сите партии кои беа контра Владата, „потрошија“ 65 илјади гласови од десната опозиција и ЛДП, кои раситнети не им овозможија пратенички мандати. По овие избори доаѓа до натамошно окрупнување на силите, со биполаризација во македонското гласачко тело на „вмровци“ и „сдсмовци“.

Во албанската заедница ДУИ има двојно повеќе пратеници од опозицискта ДПА, а и партијата на Руфи Османи влегува во парламентот со двајца свои пратеници. Неизвесно е дали ВМРО - НП на Љубчо Георгиевски и Нова демократија на Имер Селмани ќе бидат присутни во идниот законодавен дом, но со празни раце се Демократската десница, Достоинство, како и Обединети за Македонија, чиј лидер Љубе Бошкоски тврди дека ова се фалсификувани избори.

Тројцата пратеници од дијаспората се кандидатите на ВМРО ДПМНЕ

Невладината „МОСТ“, на полноќ излезе со симуалција на постигнатите резултати:

„Распоредот на мандати по изборни единици е следниот: Во изборна единица еден - коалиција ВМРО ДПМНЕ - 9 пратеника, коалиција СДСМ - 8 пратеника, ДУИ - 2 пратеника, ДПА - 1 пратеник; Во изборна единица два - коалиција ВМРО ДПМНЕ - 9 пратеника, коалиција СДСМ - 7 пратеника, ДУИ - 3 пратеника, ДПА - 1

ДИК денеска треба да ги соопшти комплетните резултати од гласањето

ДИК денеска треба да ги соопшти комплетните резултати од гласањето

пратеник; Во изборна единица три - коалиција ВМРО ДПМНЕ - 12 пратеника, коалиција СДСМ - 8 пратеника; Во изборна единица четири - коалиција ВМРО ДПМНЕ - 11 пратеника, коалиција СДСМ - 9 пратеника; Во изборна единица пет - коалиција ВМРО ДПМНЕ - 9 пратеника, коалиција СДСМ - 8 пратеника; ДУИ - 2 пратеника, ДПА - 1 пратеник; Во изборна единица шест - коалиција ВМРО ДПМНЕ - 9 пратеника, коалиција СДСМ - 8 пратеника; ДУИ - 2 пратеника, ДПА - 1 пратеника, коалиција ВМРО ДПМНЕ - 3 пратеника, коалиција СДСМ - 3 пратеника и НДП - 2 пратеника“, изјави директорот на „МОСТ“ Дарко Алексов.

Според увидот од гласањето, опозицијата победи во урбаните центри - Карпош, Центар, Охрид, Куманово, Струмица, додека владејачката коалиција остана доминантна, но со намалена предност, во Битола, Штип, Прилеп, Аеродром, Велес, каде се нивните и најуспешни градоначалници, како што велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Во наредниот законодавен дом ќе седат и преставници од дијаспората, чии тројца пратеници - Манчев од Европа, Додевски од Австралија и Саздов од Америка беа кандидати на ВМРО-ДПМНЕ.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Поврзана содржина