1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Победници и губитници во проектот „престолнина на културата“

Рурската област во Германија денеска ги отвора вратите како „Европска престолнина на културата“ во 2010. Официјалниот почеток се означува во градот Есен со голема свеченост и дводневен културен фестивал.

default

Нови музеи за историјата на Рурската Област и прочуената Фолкванг-колекција, големи проекти за културата и природата, театарски фестивали, гигантска презентација на композиторот Ханс-Вернер Хенце. Рурската Област во Германија која е мегаполис од 53 градови предводена од Есен е Европска престолнина на културата за 2010 година и можат да се пофали со богата програма. Или сепак тое важи пред се‘ за градот Есен?

Кастрења на буџетот за културната програма во Дортмунд и во Бохум

Изминативе недели се зголемува бројот на откажувања и поместувања на проекти во други општини. Финансиската криза врши притисок врз градовите, ограничениот буџет го прави своето.

Во Дортмунд во буџетот неочекувано, дента по локалните избори, настана дефицит од 100 милиони евра. Изборите сега мора да се повторат, оти граѓаните се чувствуваат измамено. Поради намалениот буџет Дортмунд мора да ја сведе на минимум програмата за културна престолнина. Загрозен е дури и главниот проект, реконструкцијата поранешната зграда на пиварницата „Унион“ во Дортмунд во музеј на уметноста. Во мај ќе биде отворен само еден дел, со цел Дортмунд да има било што да се претстави.

Во соседниот Бохум, извонредниот симфониски оркестар собра 13 милиони евра за изградба на концертна сала. Директорката Марина Гроховски и другите од тоа очекуваат уметнички и економски подем.

Blick auf Essen HBF

Есен

„Сметам дека со изградбата на концертниот објект ќе има прилив на многу додатни средства. Тогаш ќе можеме да понудиме амбиент, акустика и изглед каков што сака публиката која навикнала на тоа во соседните градови.

Но, и во Бохум има ограничувања на буџетот. Тоа значи дека сите трошоци мора да бидат одобрени од претседателот на влада и надзорната власт. Тој не ја одобрува изградбатаа на концертен објект. Можеби и поради лошите искуства на Дортмунд и Есен со филхармониите. Таму го отпуштиле раководството оти недостигале парични средства. Наредната година отпаѓа уште еден голем проект од уметноста, „местото на европското ветување“. Трошоците се зголемени, Бохум нема пари. Началникот за култура Михаел Таунзенд вели дека се во загуба поради неодобрените проекти. Бохум сепак ги има театарот и салата на столетието, местото каде се одигрува триеналето во Рур.

„Не планиравме така. Сакавме сосема нови импулси, големи инвестициии содржински проекти, од Академијата за интеркултурни студии до нашиот концертен објект, од салата за камерна музика до доградување на германскиот музеј за рударство. Досега постигнавме нешто од замисленото, но не се‘. Уште долго нема да ја завршиме дискусијата.“

Пари за спасување банки има а за култура не

Победник во годината на културната престолнина може да биде слободната креативна економија, која има голем публицитет. Досега не беше познато дека во Рурската област живеат многу креатори на компјутерски игри или артисти за улична уметност. Од театарот “Ринглокшупен“ во Милхајм се надеваат и по 2010 да се развиваат во правец на централа за европските копродукции. Програмскиот директор Холгер Бергман вели:

„За жал праксата покажува дека повеќе има пари за спасување банки и купување автомобили, отколку за зачувување на културните институции. Секако се наметнува прашањето како ќе го задржиме дискурсот со уметноста? Поточно со театарската уметност? Милхајм е вистинското место за тоа.“

Во Рурската Област уште нема центар за слободниот театар, каков што е “Кампнагел“ во Хамбург, “Хебел ам уфер“ и “Софиензелен“ во Берлин. За една година ќе се покаже кои соништа и кошмари ќе се остварат. И на Рур 2010 постои правилото: „Пресметката се прави на крај“.


Автор: Штефан Кајм / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Симе Недевски