1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Победник без коалиционен партнер

Партиите на Унијата се победници на изборите. По пребројувањето на сите гласови тие освоија 41,5 процeнти- и со тоа безмалку апсолутно мнозинство. Но, сега им недостасува коалиционен партнер, оти ФДП не го мина цензусот.

Германската канцеларка Ангела Меркел е во зенитот на својата власт: со резултат од соништата, близу до границата на апсолутно мнозинство ЦДУ и ЦСУ триумфираа и на Меркел и овозможија трет мандат. Нејзината црно-жолта владина коалиција меѓутоа не доби мандат да продолжи во наредните четири години, бидејќи партијата на либералите (ФДП) по безпримерен пад и губење на околу десет проценти од гласовите за првпат во историјата нема да биде застапена во германскиот парламент. Со 4,8 проценти, ФДП не успеа да го мине прагот од најмалку 5 проценти за влез во германскиот Бундестаг. На парламентарните избори во 2009 година оваа партија освои 14,6 проценти гласови.

Социјалдемократите освоија 25,7 проценти гласови - што е подобрување за 2,7 проценти во споредба со 2009 година и истовремено еден од најлошите изборни резултати во повоената историја на Германија. Зелените со дуото Катрин Геринг Екард и Јирген Тритин загубија 2,3 процнти, односно добија поддршка од 8,4 проценти. Партијата на Левицата освои 8,6 проценти. И оваа партија претрпе загуби од 3,3 проценти. Еврокритичната Алтернатива за Германија, освои 4,7 проценти и пропушти да си обезбеди место во Бундестгот.

Bundestagswahl Reaktion FDP Rainer Brüderle Philipp Rösler

Бридерле и Реслер преземаа политичка одговорност за дебаклот

Според првичните конечни резултати во 18. Германски Бундестаг ќе бидат застапени следниве партии: ЦДУ/ЦСУ со 311 мандати, СПД со 192 мандати, Левицата со 64 мандати, Зелените со 63 мандати. Новиот Бундетаг ќе брои 630 пратеници.

Радост кај Унијата

„Ова е супер резултат“, рече Меркел пред нејзините приврзаници во Берлин. Меѓу првите кои ѝ честитаа на канцеларката за реизборот беа претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпој и шефот на Европската комисија Жозе Мануел Брозо. „Сигрен сум дека Сојузна Република Германија и нејзината нова влада и натаму ќе работат ангажирано на изградбата на една мирна и економски успешна Европа, што им служи на сите граѓани“, рече Ван Ромпој.

И британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Франција Франсоа Оланд испратија честитки до канцеларката „Се радувам и натаму тесно да соработувам со неа“, напиша Камерон преку Твитер.

Опозицијата помалку еуфорична

Претседателот на СПД Зигмар Габриел изрази разочарување од резултатот на неговата партија. „Да, го подобривме резултатот, но очекувавме повеќе“, рече Габриел.

Претседателката на Зелените Клаудија Рот оцени: „Можам да кажам само едно: дека сум горчливо разочарана од овој резулат. Ова е жесток пораз“. Водечкиот кандидат на партијата на левицата Грегор Гизи пак изрази задоволство што неговата партија е трета партија по големина во Бундестагот.

Кандидатот на Зелените Јирген Тритин по изборите истакна: „Игравме и загубвме. И тоа исто така се прифаќа“. Во даден случај ќе се водат разговори со Унијата. Но во моментов тој гледа мали шанси за соработка на неговата партија со Унијата, појасни Тритин.

Bundestagswahl Reaktion Steinbrück Gabriel Parteizentrale

Социјалдемкоратите се разочарани

Отворен покерот за можна коалиција

Канцеларката Меркел сега ги има картите во раце - освен коалиција со социјадемократите можна е и коалиција со Зелените, што е помалку веројатно. При еден телевизиски настап Меркел увери дека е разбирливо „дека ќе се вложат напори за да се овозможи стабилно мнозинство“.

Меркел бара стабилна власт во Германија и нема да има „рискантни игри“. Канцеларката има намера да остане на чело на владата за целиот легислативен период до 2017 година. Голема коалиција во Германија последен пат имаше од 2005 до 2009 година, за време на првиот мандат на Меркел.

Коалиција меѓу социјалмдекоратите, зелените и Партијата на Левицата исто така би имала мнозинство, меѓутоа СПД одбива ваков сојуз. Според набљудувачите, може да се очекува голема коалиција.

Речиси 62 милиони граѓани со право на глас беа повикани да го изберат 18. германски Бундестаг - меѓу нив и три милиони граѓани кои првпат гласаа. Учеството на изборите изнесува 71,5 проценти и е повисоко во одонос на 2009 година кога правото на глас го искористија 70,8 проценти.

За германскиот Бундестаг се кандидираа 4451 кандидати во 299 изборни кругови. На листите се најдоа 30 партии. Секој избирач имаше право на два гласа: првиот глас за директен кандидат и вториот глас за партиската листа со повеќе кандидати. Вториот глас одлучува колку една партија ќе биде застапена во Бундестагот.