1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Победа речиси како на гости

На трибините на до последно место полниот Олимписки стадион во Берлин синоќа имаше повеќе турски, отколку германски гледачи, но тоа не влијаеше на германската селекција: таа ја победи Турција со 3 спрема 0.

default

Вжештена навивачка атмосфера и свирежи против германскиот фудбалски репрезентативец Месут Езил дадоа печат на почетокот на натпреварот меѓу Германија и Турција во рамките на квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство.

Fußball Deutschland Türkei EM Qualifikation Flash-Galerie

Месут Езил и Томас Милер

Секој контакт со топката на фудбалерот Езил, кој има турско потекло, беше пречекуван со исвиркувања. Но, германската екипа не дозволи тоа да ја запре на патот кон Европското првенство во 2012 година. Победата со три гола разлика е јасна. Тренерот Јоахим Лев сепак призна:

„Во секој случај, навистина тежок натпревар. Се‘ уште сме под притисок, ова беше дури како игра на гостински терен. Но, екипата покажа неверојатна желба за победа.“

Мирослав Клозе даде два гола, а Месут Езил, кој го постигна третиот, свесно и од почит кон сонародниците од противничката екипа и на трибините, сосема тивко ја изрази радоста по него.

Fußball Deutschland gegen Türkei EM Qualifikation

И канцеларката Ангела Меркел и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан беа на трибините

Германија со ова го помина најтешкиот противник од квалификационата група А, како што истакнува капитенот Филип Лам:

„Ова беше перфектен почеток, повеќе не е можно, девет бода од три натпревари. Но, мораме допрва да се докажеме во вторник во Казахстан.“

Автор: Кале Копс/ Жана Ацеска

Редактор: Трајче Тосев