1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Победа на Хуго Чавез

Победата на Хуго Чавез на претседателските избори е многу појасна од очекувањата на набљудувачите. Повеќе од 60% од бирачите го дадоа својот глас за уште еден шестгодишен мандат за човекот кој од 1999 година ја предводи земјата. Неговиот против кандидат, гувернерот Мануел Розалес од демократите доби само 38% од гласовите.

Хуго Чавез пред своите приврзеници

Хуго Чавез пред своите приврзеници

„Ова е победа на љубовта, на новото, на убавото, на доброто. Победа на иднината. Мислам на Исус Христос и велам„ Оче наш кој си на небо и на земја нека дојде твоето царство„ Неговото царство е љубов, мир, праведност, солидарност, братство, царството на социјализмот. Тоа е царство на иднината на Венецуела„ изјави Хуго Чавез пред десетици илјади негови приврзеници кои ја славеа неговата победа низ улиците на Каракас. Од балконот на претседателската палата тој ја пееше националната химна и притоа на присутните им порача :

„ Клекнувам пред народот на Венецуела, на кого му го посветувам мојот живот, мојата љубов, мојата скромност. Целиот свет се крена на нозе и му симнува капа на народот на Венецуела. Победата што ја остваривме е единствена во нашата историја која ќе ја постигнеме, е посебен вид во нашата историја„

Гувернерот Мануел Розалес го призна поразот, но нагласи дека битката на улиците ќе продолжи. Ова не е време за предавство, рече гувернерот. Инаку Хуго Чавез важи за жесток критичар на американската политика и е близок соработник и поддржувач на кубанскиот лидер Фидел Кастро. Тој е посебно популарен во сиромашните делови на земјата, каде за социјалните програми одвојува дел од заработката од нафтените трансакции. Тој најави револуционерна демократија како и покренување на иницијатива за промена на уставот со што би се озвозможило неограничен реизбор на функцијата претседател на земјата.