1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Победа на словенечката опозиција

Државната изборна комисија во Љубљана ги објави првите резултати од парламентарните избори. Социјалдемократите со 30,5 проценти победија пред Словенечката демократска партија на премиерот Јанез Јанша, со 29,3 проценти.

default

Љубљана

Словенија се наоѓа пред промена на власта. На вчерашните парламентарни избори со тесен резултат победи опозицјата на чело со Борут Пахор, кој има најдобри шанси да стане нов шеф на словенечката влада. „Ова е огромен успех, среќен сум за тоа и се надевам дека ќе се радуваат сите што со мене сонуваа за овој ден.“

Не се очекува голема промена на политичкиот курс

Социјалдемократите, иако се сметаат како партија наследник на поранешната комунистичка партија на Југославија реформирана кон крајот на 80 години, сепак не може да се очекува дека врз основа на изборните резултатите во голема мерка ќе го сменат курсот на политиката на Словенија.

На ценрално-левичарскиот сојуз од Социјалдемократите, Либерлите и уште едно политичко движење формирано пред една година најверојатно ќе им недостасуваат две до три места за апслолутно мнозинство во парламентот, затоа ќе им биде потребен уште еден партнер, по се изгледа тоа ќе биде партијата на пензионерите, која на изборите освои речиси 8 проценти гласови.

Од проблемите да се создадат можности

Борут Пахор веќе 12 години е на челната позиција кај Социјалдемократите. Се смета за прилагодлив, критичарите му префрлуваат дека неговата политика е без контури. Но синоќа на денот на изборите тој настапи како државник иако не даде конкретни насоки за неговата политика „Кога преземаме одговорност, тогаш мора да ги застапуваме интересите на секој поединец и на целото општество. Словенија има големи можности но и проблеми. Наша задача е од проблемите да создадеме нови можности.“

Јанша ја честиташе победата на опозицијата

Актуелниот премиер Јанез Јанша во текот на ноќта излезе пред новинарите и со задршки му ја честиташе победата на противникот, бидејќи според Јанша сеуште не биле пребројани гласовите на граѓаните кои гласале во странство. Сепак ниту тие гласови не би помоглнале досегашниот владиот партнер да ја помине границата од 4 проценти. Со ова конзервативниот табор по изборите е значително ослабен.

Јанша смета дека за неговиот пораз големо влијание извршија недокажаните префрлувања за корупција. Имено финскиот концерн за оружје ’Патриа’ наводно платил милионски суми поткуп на словенечки службеници околу трговија со оклопни возила. Наспроти очекувањата, Јанша не уживаше никаква предност од словенечкото претседателство со ЕУ во првата половина на годинава.

DW.COM