1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Победа на Себастијан Фетел во Сингапур

Актуелниот светски шампион во Формула 1, германскиот возач Себастијан Фетел, победи на ноќната трка за Големата награда на Сингапур.

Себастијан Фетел со болидот на „Ред Бул“ стартуваше од пол-позицијата и во текот на целата трка не им дозволи на конкурентите да му се приближат и да му ја загрозат победата.

Второто место го освои Фернандо Алонсо од „Ферари“, искористувајќи ја грешката на Нико Розберг од „Мерцедес“ кој стартуваше од првиот ред веднаш до Фетел. На подиумот како трето пласиран се искачи финскиот пилот на „Лотус“ Кими Раиконен, кој трката ја започна од 13. стартна позиција.

Од 4-10 место во Сингапур се пласираа и освоија бодови: Розберг, Луис Хамилтон (Мерцедес), Фелипе Маса (Ферари), Џенсон Батон (Мекларен), Серхио Перез (Мекларен), Ник Хулкенберг (Заубер) и Адријан Сутил (Форс Индија). Во генералниот пласман води Фетел со 247 бодови, пред Алонсо кој има 187 и Хамилтон со 151 бод.

Наредната трка во годинешниот шампионат во Формула 1 се вози на 6 октомври во Јеонгам за Големата награда на Јужна Кореја.