1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Победа на поени за „Самсунг“

Успех за „Самсунг“ во спорот со „Епл“ - на постарите модели на „Ајфон“ и „Ајпед“ им се заканува забрана за продавање во САД. „Епл“ се спротивставува, а во случајот збор има и претседателот Обама.

Шок за „Епл“ - една верзија на „Ајфон 4“ и четири постари модели на „Ајфон“ и „Ајпед“ веќе нема да смеат да се продаваат на домашниот американски пазар. Американската комисија за трговија ИТЦ оцени дека „Самсунг“ е во право со својата тужба против „Епл“ и тврдењето дека американскиот концерн ги повредил правилата за патенти во мобилната телефонија. Апаратите кои се погодени со ваквата оценка се произведуваат во Кина, поради што забраната за продажба се изедначува со забрана за увоз. Но, забрана за увоз се‘ уште нема. Сега американскиот претседател Барак Обама има време од месец и половина да го каже своето за одлуката на ИТЦ. Непосредно пред да биде донесена одлуката, Обама најави пакет мерки со кои треба да се спречи злоупотреба на тужбите за патенти. Со овој пакет мерки е можно да се изменат правилата на постапување во вакви спорови. „Епл“ пак, најави дека поднесе жалба на одлуката.

Иако со одлуката не се погодени новите апарати на „Епл“ - „Ајфон 4С“ и „Ајфон 5“, како и поновите „Ајпеди“, забраната за продажба ќе има економски последици за концернот.

Судирот на двата големи елктронски концерни се одвива уште од почетокот на 2011 година. Основачот на „Епл“ Стив Џобс тогаш сметаше дека „Самсунг“ ги копира функциите и дизајнот на „Ајфон“. „Самсунг“, пак, го обвини „Епл“ за кражба на идеи во делот на техничките патенти. Ширум светот, во меѓувреме, се водат 50 постапки по тужби на едниот или другиот концерн.