1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Победа на опозицијата во Полска

*

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо му честиташе на водачот на опозицијата во Полска Доналд Туск на победата на предвремените парламентарни избори во земјата. Опозиционата Граѓанска платформа, според досегашните резултати, е во водство со 44 проценти од гласовите.Партијата Право и правда на национал- конзервативниот премиер Јарослав Качински има 31 процент од гласовите.Качински го призна поразот и му честиташе на Доналд Туск.Тој пак најави нов политички почеток,во што спаѓа и планот за повлекување на полските војници од Ирак на почетокот на идната година.