1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Победа на македонските ватерполисти

Ватерполо репрезентацијата на Македонија ја победи селекцијата на Грција со 7 : 6. Тоа е прва победа на Македонија во групата од светската ватерполо лига, извојувана во 5-то коло.

default

Од ватерполо натпреварот Македонија против Грција

Водата во Оломпискиот базен во Скопје беше најзапенета во последните 20 секунди, кога Грците се обидуваа да го израмнат резултатот. Македонија во третата четвртина имаше предност со 6 : 3 и три до четири неверојатни промашувања, доведувајќи го во прашање конечниот триумф.

1500 гледачи френетично, со овации ја поздравија победата на Македонија. Грчките ватерполисти со свирежи од трибините беа пречекани и испратени, исвиркана беше и грчката химна за време на интонирањето. Нешта на кои не можеше да влијае тврдото полициско обезбедувањето и добрата организација на овој спортски настан со статус на висок ризик.

Игра со срце

Селекторот на македонската репрезентација Стеван Нонковиќ, откако победничката радост ја подели со своите

Mazedonien Skopje Schwimmbad

Олимпискиот базен во Скопје

играчи скокајќи во базенот, во тој стил продолжи и пред микрофонот на Дојче веле: „Го одигравме најдобриот натпревар во лигата до сега. Оваа победа ја подаруваме на македонската јавност и на македонскиот народ. Ако Грците до сега не знаеја, сега знаат каде дојдоа и која е Македонија.“

Капитенот на македонскиот состав вели дека сите биле понесени од атмосферата и дека бескрајно се радосни поради успехот. „Игравме со срце. Во овој натпревар моравме да победиме. И благодарам на публиката која дојде во голем број. Направија невиден спектакл во базенот и сага ме полазуваат морници поради атмосферата во која игравме. Овој меч не смеевме да го загубиме, Грците беа исклучително борбени. Тоа е перспективна екипа. Ние игравме со срце, со срце успеавме натпреварот да го добиеме.“

Грчката селекција разочарана

Anastasios Dumpos

Новинарот Златко Калински со селекторот Анастасиос Думпос

Грчката селекција, видно разочарана од поразот, уште синоќа си замина од Скопје. Разочарувањето беше највидливо кај ватерполистите. Селекторот на Грција, Анастасиос Думпос во изјавата за Дојче веле со обид да го спушти значењето на натпреварот: „За нас ова беше обичен натпревар. Со ништо особен, пријателски натпревар, бидејќи нашата цел се квалификациите за европското првенство во Волос. Ватерполистите на Македонија за нас секогаш претставуваат тежок противник бидејќи имаат големо искуство. Мојот тим е млад, но талентиран. Се надевам дека ќе имаме повеќе среќа во Волос.“

Македонија во последното коло од светската лига ќе игра против Русија во Скопје, а на крајот на април патува на квалификациите за европското првенство во Волос, во Грција.

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска