1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Победа на левиот центар во Италија

Коалицијата на левиот центар предводена од Пјер Луиџи Берзани е победник на изборите во Италија, иако според неофицијалните резултати, предноста во однос на коалицијата на експремиерот Берлускони е само 5 проценти.

Централно- левичарската коалиција предводена од Пјер Луиџи Берзани (на фотографијата горе) однесе победа на парламентарните избори кои во изминативе два дена се одржуваа во Италија, покажуваат првичните неофицијални резултати. На второ место, според бројот на освоени гласови, се конезрвативците на поранешниот премиер Силвио Берлускони, додека изненадувачки добар резултат постигна комичарот Бепе Грило со неговото движење Пет Ѕвезди, кое се промовира во трета сила во идниот парламент.

Според првични излезни анкети, коалицијата на левичарот Берзани кој беше министер во технократската влада на Марио Монти освоила околу 35 проценти од гласовите. Коалицијата на Берлускони ја добила довербата на околу 29 отсто од граѓаните, додека движењето на Грило освоило 19 проценти. Разочарувачки резултат постигна центристичката коалиција на досегашниот технократски премиер Марио Монти, со освоени околу 10 проценти од гласовите.

Italien Wahlen Silvio Berlusconi

Силвио Берлускони

Посочените резултати се однесуваат на гласањето за долниот дом на парламентот во Италија- Конгресот. Што се однесува до Сенатот, таму дополнително важи регионалниот принцип на поделба на местата, но засега е извесно дека и таму победува левиот центар, иако со помали шанси да обезбеди стабилно мнозинство. Според моменталните информации, коалициите на Берзани и на Берлускони се израмнети во неколку клучни региони, како Ломбардија и Сицилија.

Пред самиот крај на гласањето во Италија, денеска берзите реагираа позитивно во надеж дека на власт ќе дојде реформаторска коалиција предводена од левиот центар со поддршка на експремиерот Марио Монти. Релативно добриот резултат на Берлускони и големата поддршка за движењето на Грило, според аналитичарите, засега ја доведуваат во прашање стабилноста на новата влада.