1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Победа на Демократската партија

Демократска партија по вчерашните избори во САД , најверојатно ќе го преземе мнозинството во претставничкиот Дом на Конгресот кое досега го имаа Републиканците на актуелниот претседател Џорџ Буш .

Ненси Пелози

Ненси Пелози

Во својата прва реакција претседателот Буш изјави дека резултатите се разочарувачки , но ги повика ривалите од демократската партија да соработуваат со него . Генералната оценка пак гласи. Избирачите ја казнија администрацијата на Буш за лошото раководење пред се на војната во Ирак.

"Вечерва се случува голема победа за американскиот народ . Денеска Американците гласаа за промена и гласаа демократите да ја одведат земјата во поинаква насока . И тоа е токму она што имаме намера да го направиме" – изјави по објавувањето на победата на Демократите и повторното освојување на мнозинството во Претставничкиот Дом на Конгресот , досегашната претседателка на пратеничката група на Демократите во претставничкиот дом, Ненси Пелози .

Таа во иднина ќе биде претседател на долниот дом на американскиот парламент и како што најави ќе продолжи со она што го правеше досега , жестока критика на администрацијата на претседателот Џорџ Буш за начинот на кој таа ја води земјата .

Инаку вчерашната победа им овозможи на Демократите да го преземат мнозинството во претставничкиот дом од републиканците за првпат по 1994-та година. Според аналитичарите но и претходните прогнози за изборите , најголема улога во нивниот успех одигра незадоволството на граѓаните раководењето со државата од страна на админситрацијата на претседателот Џорџ Буш и особено со ангажманот во Ирак. Пелози синоќа упати апел до претседателот Џорџ Буш:

"Дозволете ни да работиме заедно за да најдеме решение за војната во Ирак

Демократите направија добар напредок и во обидот да ја преземат контролата и во, горниот дом на Сенатот , победувајќи во три клучни сојузни држави, Охајо, Пенсилванија и Роуд Ајлендс . Меѓутоа битката за тоа кој ќе го освои мнозинството во горниот дом на американскиот парламент и натаму не е завршена . Сенатотот Хари Рид кој е претседател на малцинската демократска фракција во Сенатот најави дека очекува во иднина да биде лидер на сенатското мнозинство:

“Насекаде во Америка вечерва има ветер на промени . Америка денеска кажа : Ние сакаме промени –изјави Рид , кој му порача на претседателот Буш дека отсега мора да слуша што ќе му говорат Демократите.”

Сенаторот на Аризона, републиканецот Џон МекКејн не учествуваше на изборите, но како човек кој важи за кандидат за претседател на САД, по вчерашниот ппораз за неговата парија изјави:

“ Ова е повик за будење за републиканската партија, мораме да ја промениме нашата практика. Некои од нашите луѓе мислат дека дојдовме во Вашингтон да ја смениме политиката, но политиката не смени нас“

Инаку на вчерашните избори Хилари Клинтон освои втор мандат како сенатор од редовите на Демократската партија , што многумина аналитичари го оценуваат како отворање на патот кон кандидатура за претседателските избори во 2008 година . Сопругата на поранешниот претседател од редовите на Демократите, Бил Клинтон, важи како еден од најсериозните фаворити во редовите на Демократите за кандидатура на изборите за претседател.