1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Победа на ватерополистите против Холандија

Македонската ватерполо репрезентација ја постигна првата победа на олимписките квалификации што се одржуваат во Едмонтон, Канада. Совладана e Холандија.

default

Во натпреварот од второто коло од А групата на предолимписките квалификации во Едмонтон македонските ватерполисти ја победи Холандија со 9:6. Решавачка за победата беше втората четвртина, која Македонија ја доби со 3:0. По четвртини резултатот гласеше: 1:1; 3:0; 3:3; 2:2.

Головите за Македонија ги постигнаа: Срѓан Аксентијевиќ - 3, Иван Басара - 2, а Матео Чук, Петар Ивошевиќ, Марко Мартиниќ и Мирослав Ранџиќ постигнаа по еден гол.

Вечерва (03.04) се играат натпреварите од 3. коло, а Македонија од 22:20 часот игра против Романија. Тоа е можеби клучниот натпревар за пласман во четвртфиналето.

На другите натпревари од 2. коло од А групата беа постигнати следниве резултати: Романија – Грција 10:9 и Црна Гора – Германија 11:7.

Во Б групата: Аргентина – Шпанија 6:14 и Канада – Бразил 12:9. Слободна беше репрезентацијата на Турција.

Табела А група: Црна Гора 4 бодови, Романија 2, Германија 2, Грција 2, Македонија 2, Холандија 0.

Табела Б група: Шпанија 4, Канада 2, Турција 1, Аргентина 1, Бразил 0.