1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Победа и пораз за германските тимови во Лигата на шампионите

Во Лигата на шампионите германските тимови остварија една победа и еден пораз. Баер Леверкузен го совлада Рома со 3 спрема 1, но Бајерн Минхен затоа на гости загуби од Јувентус со 0 спрема 1.

Футбалерите од Минхен мораа синоќа да се помират со првиот пораз во Купот на шампионите.

“Сметам дека беше неправедно што загубивме, бидејќи нашиот тим ја контролираше играта во поголемиот дел од натпреварот и примивме гол од една единствена невнимателност“ - изјави по натпреварот менаџерот на Бајерн, Ули Хенес.

Со поразот во Торино играчите на Бајерн ја пропуштија шансата порано да го обезбедат пласманот во осминафиналето.

За разлика од нив, футбалерите на Бајер Леверкузен извојуваа на домашен терен победа против Рома и тоа со 3 спрема 1.

“Единственото разочарувачко беше тоа што во првото полувреме губевме со 0 спрема 1. Но играта се разви позитивно, имавме шанси и не им дадовме многу простор на противниците од Рома. Би можеле да бидеме задоволни од играта“ - изјави капитенот Јенс Новотни.

Така Бајер по третото коло се изедначи по бројот на бодови со Динамо од Киев и Реал Мадрид, сите по 6, додека Рома е на последното место во групата Б без бодови.