1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Победа за Фетел во Јапонија

Доминацијата на Себастијан Фетел продолжи и во Јапонија. Светскиот првак победи на патеката Сузука пред неговиот тимски колега Марк Вебер. На четвртата титула Фетел ќе мора да почека уште најмалку две недели.

Актуелниот светски шампион во Формула 1 Себастијан Фетел постигна нова победа. Тој денеска (13.10.) на патеката во Сузука триумфираше во трката за Големата награда на Јапонија.

Ова за Фетел е 10-та победа сезонава, а петта по ред или вкупно 35-та во кариерата. Со новите бодови Фетел има 90 повеќе од вториот во генералниот пласман, Фернандо Алонсо и на следната трка може да ја одбрани титулата, бидејќи му се потребни уште 10 бодови.

Второто место денеска го освои неговиот клупски колега од Ред Бул, Марк Вебер и оваа екипа вторпат годинава (по ГН Малезија) има „1-2“ триумф на една трка.

Место на пиедесталот избори и возачот на Лотус, Себастијан Грожан. Тој третото место сезонава го освојува по 4-ти пат, вторпат по ред.

На листата возачи што освоија бодови се наоѓаат: Фернандо Алонсо, Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Естебан Гутиерез, Нико Розберг, Џенсон Батон и Фелипе Маса.

Во генералниот пласман Фетел води со 297 бодови, Алонсо има 207 бодови, додека Раиконен има 177 бодови.

Кај конструкторите води Ред Бул со 445 бодови, Ферари има 297 бодови, а Мерцедес 287 бодови.

Наредна шанса да ја освои четврти пат по ред светската титула во Ф1 Фетел ќе ја има за две недели на 27. октомври кога ќе се вози трката за Големата награда на Индија. Со оглед на големата бодовна разлика, на Фетел ќе му биде доволно и петто место дури и во случај Алонсо да победи. Сите други пилоти во Ф1 годинава повеќе немаат шанси за титулата.