1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Победата против С. Ирска за охрабрување, Хамбихен европски првак во гимнастика

Додека другите земји играат во борба за пласман на светското фудбалско првенство наредната година, германските избраници можат на мир да се подготвуваат: репрезентација во пријателски натпревар на гостувањето во Белфаст ја совлада Северна Ирска со 4 спрема 1. Стадионот Алианц-Арена во Минхен, на кој ќе биде отворено светското првенство, свечено предаден во употреба. Спортски јунак на изминатиот викенд е г

Михаел Балак, централна личност на натпреварот, по постигнувањето на првиот од своите два гола

Михаел Балак, централна личност на натпреварот, по постигнувањето на првиот од своите два гола

имнастичарот Флоријан Хамбихен, нов европски првак во вежбање на вратило.

За само 4 дена – две лица на германската фудбалска репрезентација: против Баерн на свеченото отворање на новиот стадион во Минхен немоќна, неорганизирана и поразена со 4 спрема 2, во саботата во Белфаст ангажирана и амбициозна, што резултира со победа против Северна Ирска од 4 спрема 1. Многу јасно дојде до израз што значат 5-темина репрезентативци од Баерн за државниот тим – во првиот случај настапија во својот клупски дрес и им зададоа многу нерешливи проблеми на колегите од комбинираната селекција, а во саботата беа носители и креатори на играта на државната репрезентација. Централна личност беше капитенот Михаел Балак, главен организатор на играта и двоен стрелец. Мрежата уште ја затресоа и Гералд Асамоа и Лукас Подолски, кој со тоа си го разубави својот 20-ти роденден. Значајно е да се спомне дека Германија 75 минути играше со играч помалку: Роберт Хут спречи гол, но бидејќи тоа го стори со рака во својот казнен простор, беше исклучен, а Ирците пеналот го претворија во водство во 15-тата минута. И во такви околности германските фудбалери го диктираа текот на натпреварот и на крајот заслужено славеа убедлива победа. „За моралот беше многу важно што овде не загубивме, зашто сепак тоа беше тежок натпревар, пред се’ зашто игравме со човек помалку. Но, на тимот мора да му се искаже голем комплимент“ – рече капитенот Балак, кој смета дека ова беше добар увод за наредните недели во кои претстојат натпревар против Русија и учество на Купот на конфедерацијата, што ќе се одржи во Германија. Со оценката на капитенот е согласен и селекторот Јирген Клинсман: „Ние сме многу, многу задоволни, пред се“ поради начинот на кој тимот направи пресврт: веднаш реагираше на водството на противникот и оствари израмнување. Во второто полувреме вршевме притисок по крилни позиции преку Швајнштајгер и Дајслер, а Балак постојано ставаше акценти со својата агресивна игра“.

Минхен доби нов стадион

Алијанц-арената, заеднички проект на Баерн и на Минхен 1860, е чисто фудбалски објект, без атлетска патека - гледачите до теренот ги делат само 7 метри. „Се обидовме секое од 66-те илајди места да го пласираме што поблиску до случувањата од играта“ - вели архитектот Пјер де Мерон. Изградбата чинеше 340 милиони евра. Годишен закуп на една од 106-те ложи чини меѓу 90 и 240 илјади евра и сите се веќе распродадени. Стадионот е подигнат во зелен предел врз некогашна депонија за смет, на работ од градот. Паѓа в очи со необичната архитектура: покривот и надворешната обвивка се од ромбоидни пластични перничиња, кои се осветлени и дури и боите можат да се комбинираат според клупските бои на двата тима. „Тој има навистина нешто чудесно во себе. Секако спаѓа во фудбалските храмови, споредлив со Бернабеу, Ну камп или Сан Сиро“ – воодушевен е селекторот Клинсман, некогашен интернационалец. Навистина, уште многу треба да се направи во инфраструктурате: приодните патеки и пристапот до паркинзите. Но, има и време – уште цела година до отворањето на светското првенство.

Флоријан Хамбихен е новиот германски спортски херој

Има само 17 години, но гимназијалецот од Вецлар е веќе европски првак во гимнастика. На првенството во Дебрецин, Унгарија, тој на вратило беше подобар и од олимпискиот шампион Игор Касина од Италија. Како е да се биде европски првак? - „Извонредно, едноставно прекрасно. Ова денеска беше супер-финале, со особено висок квалитет“ – вели Хамбихен.

Еберхард Гингер, поранешен светски првак на вратило, смета дека пред Хамбихен допрва претстојат големи успеси: „Само констатирам дека тој не страда од недостиг на самодоверба. Тоа е добра предиспозиција за да се биде успешен на меѓународен план“.