1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Побавен стопански пораст во 2009-та

Прогнозите на Германската индустриска и трговска комора се пооптимистички, отколку на министерот за стопанство. Комората и министерот се за мерки за поттикнување на конјунктурата, канцеларката Меркел е против.

default

Колкава помош ќе му треба на германското стопанство

Стравот од финансиската криза сега се’ повеќе се претвора во страв од рецесија на светското стопанство. Што ја очекува германската економија во 2009-та: преодна слабост, забавен растеж или дури рецесија? Ретко кога било толку тешко да се предвиди иднината на стопанството, како оваа есен, но сите се согласни дека втрлогот на финансиската криза ќе го повлече надолу и таканареченото реално стопанство. „Нема што да се разубавува или прикрива. Сосем е јасно дека ќе има послаб пораст и со оглед на оптоварувањата од светската економија и од финансиските пазари, тоа е практично неизбежно“ - констатира министерот за стопанство Михаел Глос. Колку би бил длабок и долготраен тој пад зависи од тоа колку бргу ќе се смират финансиските пазари.

SYMBOLBILD FINANZKRISE Bundesregierung spannt Schutzschirm auf Deutschland stützt Bankensystem mit 500 Milliarden Euro

Да не се чека со скрстени раце

Германска индустриска и трговска комора смета дека нема место за паника

Есенската анкета кај 25 илјади германски претпријатија покажа дека влијанијата од финансиската криза врз германското стопанство се’ уште се во подносливи рамки. Конкурентската способност на претпријатијата е значително подобрена со реформите од Агендата 2010. Германска индустриска и трговска комора предвидува стопански пораст од 0,5 насто во наредната година - повеќе од двојно повисок отколку што предвидува Сојузната влада. „Кризата на финансиските пазари помалку силно го погодува германското стопанство поради тоа што кај нас нема надуени цени на недвижнини, па нема ни да настанат последици како кога таков балон ќе пукне“, образложува Фолкер Траер, главен економист во Комората. Во Германија нема ни застој кај кредитирањето, иако е отежнато финансирањето на инвестициите.

Deutschland Finanzkrise Bankenviertel Frankfurt Notrufsäule

Финансиската криза ќе се шири и во стопанството, но во колкав обем

Предлог: пакет-мерки и за стопанството според примерот на банките

Од Комората велат дека сепак не треба да се скрстат рацете и да се чека, туку политиката мора да дејствува кон подобрување на реформата на даночниот систем за претпријатијата и кон даночно растоварување на граѓаните за повторно да се динамизира потрошувачката. Овие барања во целост ги споделува и министерот за стопанство Михаел Глос, кој по мерките за помош на банките бара пакет-мерки и за стопанството, но неговиот колега од ресорот за финансии Пеер Штајнбрик, како и канцеларката Ангела Меркел се против.