1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Плима на партии, осека на решенија

Колку повеќе избирачите Албанци во Македонија искажуваат презаситеност од политиката и воздржаност во поглед на обврската да гласаат на избори, толку повеќе се намножуваат партиите во албанскиот политички блок.

default

Граѓаните на Тетово се жалат дека има премногу политика, а премалку пари за живот

Аналитичарите избројале 15-тина албански парти, кои биле формирани во изминатите дваесет години на независна Македонија. Сега, во помала или поголема мера, функционираат 7 партии, што се оценува како прекумерно и несоодветно на бројката на албанското бирачко тело.

Сепак, навестено е конституирање уште неколку нови плуралистички субјекти на албанскиот етникум во земјата. Експертите и значителен дел од граѓаните Албанци се против предоминацијата на политиката и запоставувањето на реалните, животни проблеми и потреби на населението.

Новите партии на Албанците не значат политичка пролет - етничките теми се потрошија

Во последниве неколку месеци во Македонија има наплив од новоформирани партии во албанскиот политички блок, спроти навестеното одржување на предвремени парламентарни избори. Покрај веќе етаблираните и најкрупни – ДУИ, ДПА и Нова демократија, опстојуваат уште четири други помали вонпарламентарни албански партии. Но, претстои вклучување во политичкиот спектар

Einkaufsstrasse in Tetovo Mazedonien

Einkaufsstrasse in Tetovo, Mazedonien (Aufnahmedatum 22.03.2011) Foto: Sveto Toevski

и на новата партија на гостиварскиот градоначалник Руфи Османи, со име „Албанска национална преродба“, откако ќе биде промовирана. Албанскиот печат информира и за претстојно конституирање партија со име „Самоопределување“ според теркот на истиот плуралистички субјект од Косово.

Што мислат експертите и аналитичарите: која е причината за олкавиот број партии, дали е тоа соодветно на реалните политички потреби на албанското бирачко тело во земјата?

Мерсел Биљали, политички аналитичар од ФОН-универзитетот во Скопје, коментира:

„Кај нас се стекна мислење, еден впечаток: ако сакате да станете богат преку ноќ, тоа ќе биде можно само додека сте дел од власта. Значи, додека власта е криминализирана, тие луѓе, кои формираат политички партии, мислат дека ќе зафатат дел од колачот на тој криминал. Малку кој мисли за интересот на граѓаните.“

„Партии без идентитет“

Независниот политички аналитичар Ибрахим Мехмети од Скопје смета:

„Сите оние кои имаат амбиции да се занимаваат со политика, чувствуваат дека кај електоратот постои незадоволство и разочарување: албанските политички партии немаат понуда за бирачкото тело од својот етникум, затоа што сите теми кои имаа национален карактер, се веќе елаборирани, или се истрошени, или се искомпромитирани. Постои многу различен став кон политичките прашања, значи, немаме еден политички простор каде што ќе се артикулираат некакви заеднички ставови, дури и за најкрупните прашања. Нормално е дека ќе имаме нови политички партии. Има простор за развој на политичката сфера и никој не може да го смени тоа на каков било начин. Друго е прашањето колку може да биде издржано формирањето нови партии, ако ги имаме предвид бројот на населението и воопшто политичкиот простор.“

Rufi Osmani - Bürgermeister von Gostivar

Руфи Османи: Ние ќе припаѓаме на центарот

За новите партии во албанскиот кампус професорот Биљали тврди:

„Се работи за политички партии, кои се без идентитет. Тие се појавуваат најверојатно поради стремежите, или интересите на нивните водачи да се вклучат во политичкиот живот. Но, тоа не значи дека се работи за нови понуди, најмалку за политичка пролет.“

Руфи Османи реплицира дека, сепак, неговата нова партија ќе игра значајна улога со својата политика на реформи:

„Ние ќе припаѓаме на центарот. Моето појавување на политичката сцена ќе донесе квалитетни промени не само во албанскиот блок, туку очекувам квалитетни промени да се случат и на рамниште на целата држава .“

На наредната страница:

„Работни места и леб се потребни, не политика, неа ја има премногу!“