1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Пливање, трки и...допинг

Европското првенство во пливање заврши - почнува европското првенство во атлетика.

default

Европското првенство во пливање им донесе многу радост на германските претставници и севкупно второ место во конкуренција на нациите. И на последниот ден од натпреварите тие беа многу успешни – и овој пат главен збор имаа пливачките. Брита Штефен победи на 50 метри слободно – за неа тоа беше четврти златен медал на ова првенство, зачинет и со нов германски рекорд. Таа беше ѕвезда на шампионатот во Будимпешта – освои по два златни медала во поединечните и во штафетните трки, притоа и со три светски рекорди: „Не се сметам сега себе си за нешто посебно и мислам дека допрва треба да ми биде кажано што постигнав, оти тоа уште не ми е јасно“ – рече Штефен по последниот триумф. Во нејзината колекција е и сребрениот медал од штафетната трка 4 пати по 100 метри мешано, во која уште пливаа и Антје Бушшулте, Зара Певе, и Аника Мелхорн.

„Себе си по малку си ставам на товар дека сме втори и ги пуштивме Британките да победат. Брита на крајот пливаше неверојатно, без неа веројатно би завршиле многу поназад. Јас не можев повеќе“ – искрено ги опиша настаните искусната Антје Бушшулте.

Претходно таа стигна до бронза на 50 метри грбно, каде победи нејзината колешка од германскта екипа Јанин Пич. Аника Либс, пак, стигна втора на целта на 200 метри слободно.

Вкупниот биланс на пливачите е шест златни, четири сребрени и две бронзени медали – во тоа мажите учествуваа само со еден златен трофеј.

„Добро е да имаме една лидерска фигура во екипата, која покажува дека е можно толку добро да се носиме со светскиот врв. Мислма дека кај жените имаме редица од многу добри пливачки кои се светска класа“ – оцени новиот спортски директор на Германскиот пливачки сојуз Ерјан Мадсен.

Во скокови во вода на последниот ден, Дите Коцијан и Хајке Фишер беа втори во синхронизиран скок од штица од 3 метри височина, каде победија Русинките Умискова и Бахина, Коцијан и поединечно беше втора. Машката двојка Хајко Мајер – Саша Клајн е втора во синхронизирани скокови од кула, а Мајер и поединечно го освои истиот трофеј – подобар од него беше Русинот Галперин. Вкупниот буланс на германските скокачи во вода е исто така врвен: освоија вкупно осум медали, од кои два златни, пет сребрени и еден бронзен.

Инаку, на крајот од првенството 19-годишната Французинка Лоре Маноду го подобри за девет десетинки од секундата светскиот рекорд што и досега го држеше на 400 метри слободно.

Едно европско првенство заврши, другo започнува: синоќа во шведскиот град Гетеборг свечено беше отворено 19-тото првенството на „стариот континент“ во атлетика. На најголемата и најнеобична свеченост за една атлетска приредба досега, одржана под отворено небо – во центарот на градот, ѕвезда беше ирскиот пејач Ронан Китинг – и самиот поранешен спринтер, а присуствуваа околу 100 илјади луѓе. Натпреварите започнуваат денеска.

Прва победа во кариерата на Џенсон Батон, водечките Алонзо и Шумахер не стигнаа до целта, а сепак Михаел Шумахер ја намали разликата за еден поен – тоа е најкраткото резиме на трката од светското првенство во автомобилизам формула еден за Големата награда на Унгарија. Трката изобилуваше со пресврти и неизвесност, гарнирани со дождот во првиот дел, кој им создаде многу проблеми на возачите. Токму водечкиот во светското првенство, Шпанецот Фернандо Алонзо од тимот на Рено во 51-от круг, кога се реши да стави гуми за сува подлога, не успеа со нив да зврти ни цел круг и излета од патеката. Михаел Шумахер, кој во еден момент заостануваше цел круг зад Алонзо откако тој го претекна на патеката, на три кругови пред крајот мораше да се откаже, веројaтно поради технички проблеми – во тој момент седумкратниот светски првак беше на четвртата позиција. Кими Рајконен од Мекларен Мерцедес, кој ја возеше својата јубиилејна, 100-та трка во формула еден, долго време водеше, но во еден свиок налета одзади на својот тимски колега Педро де ле Роза, излета од патеката, удри во заштитниот зид и го онеспособи својот болид. Џенсон Батон, возач на Хонда, со константно добро возење стигна до својата прва победа во кралската класа на автомобилскиот спорт. Втор беше де ла Роза, трет Ник Хајдфелд од БМВ Заубер. Бодови уште освоија и Барикело од Хонда, Култахрд, возач на Ред Бул Ферари. Ралф Шумахер, член на Тојота, и Фелипе Маса од тимот на Ферари. Осмопласираниот, Полјакот Роберт Кубица од екипата на БМВ Заубер, дополнително беше дисквалификуван, оти неговиот болид бил два килограма полесен од пропишаните 600, па така Михаел Шумахер, кој беше рангиран како 9-ти, сепак освои еден бод и ја намали разликата во однос на Алонзо на 10 поени. Инаку, возбудливо беше и на тренингот: прво во петокот поради неспосртки гест Алонзо беше казнет со одземање две секунди, но тоа не му донесе предност на неговиот единствен конкурент Михаел Шумахер, оти во саботата на квалификациониот тренинг исто така доби казна од две секунди поради кршење на правилата.

Сега следува тринеделна пауза во формула еден, а потоа на ред е трката за Големата награда на Турција во Истанбул.

Бранителот на титулата на велосипедската трка „Околу Германија“, Американецот Леви Лајпхајмр од тимот Геролштајн, победи во првата од ридските етапи на 30-тото издание на ова натпрварување. Јенс Фогт и со четвртото место успеа да го преземе водството во генералниот палсман.

Сeнката на допингот сериозно се заканува сосем да го замрачи овој спорт. И втората проба кај победникот на годинапшниот Тур д’Франс, Американецот Флојд Лендис, покажа високо ниво на вештачки тестостерон, со што е потврдено дека се допингувал за време на тракта и се негира неговото тврдење дела има природно повисоко ниво на тој хормон. Лендис и по втората проба и натаму тврди дека не е виновен и не се допингувал.

„Флојд Лендис ќе влезе во историјата како тој што прв ја извалка жолтата маичка на Тур д’Франс“ - прокоментира Рудолф Шарпинг, претседател на Германскиот сојуз на велосипедистите.

Натрупувањето случаи на допинг, откривањето цели допинг-мрежи ги потресе врвниот спорт и јавноста: Јан Улрих, Флојд Лендис, Џатсин Гејтлин – погодена е елитата во велосипедскиот спорт и во атлетиката. Шефот на ВАДА - Светската антидопинг агенција, Ричард Паунд повремено и пливачкиот спорт го означува како „заразен од допинг“. Но, досега изостанаа истакнати случаи на допинг – тоа важи и за Европското првенство во Будимпешта.

Германскиот сојуз на велосипедисти сериозно му објави војна на тоа зло. На средбата во Бад Телц со учество на одговорните, спонзорите и организаторите на вечосипедкси манифестации се договорени решителни мерки против допингот. Тие, откако ќе ги одобри претседателството на Сојузот, треба веќе на 1-ви септември да стапат на сила. Во иднина ќе биде правен долгорочен индивидуален профил на спортски постигнувања на секој возач во германските тимови. Ќе биде востановена независна набљудувачка инстанца која ќе ги следи податоците за возачите, тие пак ќе мораат да се обврзат во секое време да ги стават на располагање податоците од анализата на крвта.

Ова е последна недела без првенствен фудбал во Германија. Стивнаа возбудувањата од светското првенство, а веќе в петок ќе започнат во Бундеслигата. Првенството ќе го отворат Баерн Минхен и Борусдија Дортмунд. Во финалето на Лига-купот Баерн во Лајпциг загуби од Вердер со 2 спрема 0 – обата гола ги постигна Класниќ.