1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пливање во отворен базен во зима!

Во Карлсруе и во зима може да се плива во отворен базен. Група ентузијасти-пливачи се иницијатори на идејата, но и финансиери на високите трошоци за загревање на базенот.

Навалица во отворениот базен во Карлсруе. И тоа среде зима. Ова е единствениот базен во цела област кој може да си го дозволи овој луксуз, на радост на посетителите.

„Пливањето е еден од најздравите видови спорт во светот и го одржува во форма имунолошкиот систем подобро од секој друг спорт“, истакнува Јирген Рупрехт, пливач.

Слично мислење има и Габриеле Шпек, која често доаѓа на пливање во зимските месеци: „Свеж воздух, ова е неспоредливо со еден затворен базен“.

Младиот Антон Брех со уживање констатира: „Во водава сме сигурно скоро еден час. А се‘ уште не ни е ладно“.

Базенот е долг 50 метри. Температурата на водата е 28 степени. Затоа овде во Карлсруе пливачите се чувствуваат пријатно.

77-годишната Ренате Бре плива дневно по илјада метри. Таа е претседател на групата ентузијасти која го иницираше отворениот зимски базен и која учествува во високите енергетски трошоци: „Ние ги финансираме месеците февруари, март, април, октомври и ноември со 41 илјада евра годишно. Постојат и други луксузи кои не му користат на здравјето.“

Пливачка сезона во отворен базен во март. Овде се чини како зимата одамна да поминала.