1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Плевнелиев не сака лошо пријателство со Македонија?

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изрази поддршка на бугарскиот амбасадор во ЕУ, Димитар Цанчев, по неговото интервју во кое изнесе контроверзни ставови за македонската нација, јазик и историја.

Интервјуто амбасадорот Цанчев го даде на крајот на април за германската новинска агенција ДПА. Плевнелиев беше прашан дали се согласува со ставовите изнесени во интервјуто на Цанчев, конкретно ставот дека Македонците се нова нација, на територија каде мнозинското население се изјаснувало како бугарско и зборувало бугарски дијалект, за време на неговата посета на Вашингтон на почетокот на мај.

Тогаш, за МИА, Плевнелиев двапати кажа дека од него самиот такво нешто не може да се слушне. Но, вчера Плевнелиев изјави дека тој го поддржува амбасадорот Цанчев и дека изјавата била дело на македонските медиуми.

„Сум имал десетици разговори со нашиот амбасадор во Брисел кого исклучително го ценам како компетентен и добар амбасадор, неговата позиција е усогласена со мене. Нашата позиција е на добар сосед, на голем пријател на Македонија кој сака таа да биде член на европското семејство, и бијдеќи сме добри пријатели посочуваме на проблем, кој треба да го решиме како пријатели. Во рамките на лошото пријателство е да молчиме и потоа да си забиеме нож во грб“, изјави Плевнелиев.

Според бугарскиот претседател, во овој момент ништо не се сменило во поглед на договорот за добрососедство, чие непотпишување Бугарија го истакна како пречка за нејзината согласност за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ.