1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Плаќањето во кеш одлично за матни зделки

Потрошувачите во Германија и натаму најрадо плаќаат во готово, особено кога се во прашање помали и средни износи. Дури 83 проценти од плаќањата се одвиваат со евра. Но, зад ова се кријат и не секогаш легални причини.

default

Бундесбанката отпечати многу пари - на стартот на монетарната унија беа 140 милијарди евра; денес, 10 години подоцна, ги има 328 милијарди. Кога лани есента започна финансиската криза со инсолвентноста на американската банка Лимен брадерс и растеше стравот од бран на банкроти, беа потребни многу пари. Германците ги вадеа своите пари од банките и ги криеја под перница или ги носеа во странство. Во меѓувреме состојбата се нормализира, но сепак многу пари се засолнати. За потребите на дневните зделки со пари во готово се доволни само 31 милијарда евра, десет насто од вкупните пари во оптек.

Тој што плаќа во готово, добива повеќекратно

Deutschland Lotto Geld 38 Millionen euro in ^bar

Илегално стекнатите пари одат во странство

Најголемиот дел од вкупната парична маса, 55 до 60 проценти, се засолнети во земјава. Никој не знае дали парите се кријат под перница или в душек, оти оној што ги поседува нема доверба во банките, или се користат за илегални зделки: за дрога, проституција, или за да цути работата на црно. А илегално стекнатите пари одат во странство, откаде честопати се враќаат назад. Тило Сарацин од Управниот одбор на Бундесбанката укажува на примерот со Шпанија: „Ние не знаеме зошто се тргаат пари на страна. Можеби оти се потребни за трансакции, за кои не се сака да бидат јавно обелоденети, или поради општа претпазливост. Од огромните суми пари што шпанските банки ги враќаат во Германија, може да се заклучи дека причина не е само оти туристите плаќаат во готово, туку и дека таму во голем обем Германците плаќаат во готово при купување викенд-куќи или слично. Така се користи двојна предност: одовде исчезнуваат парите, а во многу земји износот во купопродажниот договор е поинаков, отколку што фактички било платено“. Тоа значи дека тој што плаќа во готово се ослободува од илегалните пари, а покрај тоа уште плаќа и помали трошоци за данок и за нотар, кои се одредуваат според сумата што стои во купопродажниот договор.

Позицијата на еврото јакне

Devisen Euro Dollar Währung Wechselkurs

Доларот слабее, еврото јакне

Една третина од вкупната парична маса во оптек се чува во странство - традиција, што еврото ја нaследи од некогашната германска марка. „Со оглед дека доларот, валута за трансакции и за резерви во трети држави постепено го губи теренот, а јакне позицијата на еврото, тоа секако може да значи дека дел од еврата се применуваат за илегални или легални трансакции во трети земји. Знаеме дека германската марка во Југославија или делови од неа де факто беше основна валута, па така и денес во многу земји кои не спаѓаат во еврозоната, многу трансакции се вршат во евра“, вели Тило Сарацин.

Автор: Михаел Браун / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска