1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Платон Лебедев на слобода

Врховниот суд на Русија одлучи денеска да биде ослободен од затвор Платон Лебедев, соработник на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски.

Највисоката судска инстанца во земјата ги намали пресудите на Лебедев и Ходорковски за измами со акции, дел од процесот, поврзан со руската компанија ЈУКОС, соодветно на десет години, шест месеци и 22 денови затвор и десет месеци и седум месеци затвор.

Лебедев веќе ја одлежа казната и одлуката значи дека тој е слободен. Тој ќе излезе од затвор уште денеска или утре.

Михаил Ходорковски и Платон Лебедев беа осудени на затвор во Русија во 2005. година, откако влегоа во конфликт со претседателот Владимир Путин.

Платон Леонидович Лебедев и поранешниот прв човек на „Јукос“ Михаил Ходорковски кон крајот на 2010 година беа осуден на 14 години затвор, но подоцна казната двапати им беше намалувања. Во декември 2013 година Ходорковски беше ослободен со амнестија од претседателот Владимир Путин, но Лебедев кој не поднесе барање за помилување требаше да излезе од затвор во мај 2014 година.

Адвокатот на Лебедев, Владимир Краснов, изјавил за руските медиуми дека неговиот клиент може да биде пуштен на слобода уште во четврток, доколку решението на судот стигне во затворот. Сега Лебедев се наоѓа во казнената колонија во градот Велск во Архангелската област, на рускиот Далечен исток.

Поранешниот претседател на управата на „Јукос" и сопственик на компанијата Михаил Ходорковски, беше уапсен на 25-ти октомври 2003 година. Според истрагата, Ходорковски му давал инструкции на претседателот на бордот директори на „Менап" (чиј претходно директор на истоимена меѓубанкарска фирма и банка беше самиот Ходорковски), Платон Лебедев во врска со украдените 20 отсто од акциите на компанијата „Апатит" и препродавање на нејзините производи на светскиот пазар по цени кои двојно ги надминувале цените на внатрешниот руски пазар. Според судот, нивните дејствија на руската држава и' причиниле штета од 500 милиони американски долари. На 31-ви мај 2005 година, Ходорковски и Лебедев во обединето дело беа осудени на по 9 години затвор.

На 5-ти февруари 2007 година, пак, Ходорковски и Лебедев се соочија со нови обвиненија за присвојување и перење парични средства, а на 30-ти декември 2010 година Хамновническиот суд во Москва ги осуди на 13,5 години затвор.

Меѓутоа, бидејќи двајцата веќе служеа шест месеци од првата затворска казна, судот им изрече единствена затворска казна од 14 години. Во декември мината година Президиумот на Врховниот суд ја намали казната од 13 на 11 години.

Богатството на Ходорковски порано беше проценувано на 40 милијарди долари, но по неговата пресуда во 2005 година, пропадна или го откупи државата.

И Ходорковски и Лебедев не ја признаваат вината и ги отфрлаат обвиненијата. Ходорковски повеќепати го критикуваше судењето како политички мотивиран процес.

Путин го помилува Ходорковски минатиот месец, чекор кој многумина го оценија како маркетинг потег за подобрување на имиџот на земјата пред Зимските олимписки игри во Сочи.