1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Платите на топ-менаџерите „до небо“

Кризата е минато - шефовите на управни одбори на претпријатијата кои се на листата на Германскиот индекс на акции ДАКС, во текот на изминатата година заработиле просечно 4,5 милиони евра.

default

Во споредба со претходната година, заработувачката на шефовите на 30-те највредни германски претпријатија на берзата пораснала за 20 проценти. Член на управен одбор во текот на изминатата година заработил просечно по 2,9 милиони евра, или 22 проценти повеќе отколку во 2009 година, односно исто како и во 2007-ма, годината пред да почне кризата. Најмногу во просек заработиле членовите на управниот одбор на Дојче банк - по 6,5 милиони евра. Најмалку заработиле шефовите на Бајерсдорф и на Комерцбанк - помалку од три милиони евра.

Шефот на Фолксваген има најмногу во џебот

За разлика од претходните години, топ-заработувач во 2010 година е претседател на управен одбор од реал-економијата. Шефот на Фолксваген,

Мартин Винтеркорн

Мартин Винтеркорн

Мартин Винтеркорн, заработил 9,33 милиони евра, додека шефот на Дојче банк Јозеф Акерман морал да се задоволи со девет милиони евра. Веднаш зад него е шефот на Сименс, Петер Лешер.

Тука би требало да биде и лимитот, опоменува Германското здружение за заштита на сопственоста на хартии од вредност, ДСВ, кое ја објавува ваквата студија веќе десет години. Главниот раководител на здружението, Улрих Хокер, предупредува од опасноста од преголеми зголемувања на приходите на менаџерите: „Зборуваме за максималните плати, во кои не се пресметани и додатоците за пензија. Ние сме на мислење дека плати на менаџерите кои изнесуваат повеќе од 10 милиони евра годишно не се соодветни. Тие можат да го загрозат социјалниот мир.“

Зголемувањето се должи на порастот на фиксните плати

Уште повпечатливо од зголемувањето на платите на одделни менаџери, е зголемувањето на платите што се бележи во шефовските канцеларии во претпријатијата. Така, целиот управен одбор на производителот на камиони и

Symbolbild Businessmen beim Handschlag und Geldscheine, Manager, Gehalt

машини МАН заработил околу 190 проценти повеќе отколку во текот на изминатата година. Кај концернот Тисен-Круп шефовите заработиле 163 проценти повеќе, а кај производителот на чипови Инфинеон зголемувањето изнесува 118 проценти.

Тоа се должи, пред се‘, на таканаречените фиксни плати, вели Гунтер Фридл, професор по бизнис економија на Техничкиот универзитет Минхен, кој ја спроведе студијата заедно со ДСВ: „Платите, практично, треба да се ориентираат според општиот развој на плати, но тие во ДАКС се зголемија за 7,6%, односно значително повеќе отколку што изнесува општиот развој на платите. Тоа се должи делумно и на тоа што некои ДАКС-претпријатија ги променија своите системи на плаќање и притоа на фиксните плати им дадоа поголема тежина. На пример, во концернот САП фиксната плата на членовите на управата е зголемена за повеќе од 50%.“

Далеку е Америка

Сепак, 40 проценти од платите и натаму се кусорочни, варијабилни, посебни исплати. Претседателите на управните одбори во Германија, со заработувачка од 4,5 милиони евра во просек, заработуваат нешто помалку од нивните колеги во Швајцарија, но значително повеќе од оние во Франција. До САД не можат да се доближат ни оддалеку - таму во просек првите луѓе на претпријатијата заработуваат по 12 милиони евра.

Автор: Бригите Шолтес / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска