1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Платини сака „Еуро“ во 13 градови

Плановите за организација на ЕУРО 2020 во разни градови ширум континентот напредуваат. Оваа идеја би можела да помогне во намалувањето на трошоците за домаќинот на ваков голем спортски настан, велат официјалните лица.

Тео Цванцингер, членот на германската извршна комисија при УЕФА, вели дека е можно натпреварите да се играат во 13 земји, пренесува весникот Билд во вторничкото издание.

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини ќе го поднесе овој предлог на 7 декември, за кога е закажан состанок на извршниот комитет, а протоколот ќе биде ратификуван во јануари.

„Мишел Платини го изнесе овој предлог на заеднички состанок“, тврди претседателот на германската фудбалска федерација, Волфганг Нирзбах во изјава за Билд. „Но, потребна е согласност од страна на извршниот комитет.”

Нирзбах и соопштил на германската новинска агенција ДПА, дека германската фудбалска лига го поддржува предлогот.

„Дискутиравме за ова прашање во нашето раководство и отворени сме за

Abschlussfeier Euro EM 2012 Kiew Finale

Финалето на Еуро 2012 се играше во Киев

соработка. Идејата за евро-натпревари во Германија е многу атрактивна,” вели првиот човек на Бундеслигата.

Намалени трошоци

Платини прв пат ја предложи идејата на крајот од Европското првенство 2012-та, во придружба на домаќините Полска и Украина. Тој верува дека овој бенифит може да биде потенцијал за намалени трошоци за градовите – домаќини.

„Се чувствувам фасцинантно затоа што извршниот комитет се согласи со мојот предлог,” изјави поранешниот француски интернационалец во јуни. “Ќе биде полесно и од финансиски аспект, по еден стадион во секој град- домаќин.”

Во октомври, Платини објави дека плановите за реализација на овој предлог, кој е во корист на сите членови на УЕФА, се движат по нагорна линија.

13 градови домаќини

Бројката на тимови учесници на ЕУРО 2020, се зголеми од 16 на 24. Право да бидат земји домаќини, ќе имаат половина од квалификуваните држави, односно оние кои се наоѓаат меѓу првите 12 пласирани репрезентации во Европа.

Дванаесетте репрезентации, по две од секоја група, ќе бидат домаќини на натпреварите од групната фаза и шеснаесетфиналето. Четвртфиналните пресметки ќе се играат на неутрален терен, а полуфиналните дуели како и финалето во сосема различен (13-ти) град.

Доколку Германија успее да се квалификува, фудбалската репрезентација натпреварите ќе ги игра на Олимпискиот стадион во Берлин, пишува Билд.

Според моменталната состојба на ФИФА ранг листата, потенцијални градови домаќини може да бидат Мадрид, Лисабон, Рим, Лондон, Амстердам, Москва, Загреб, Атина, Базел, Париз и Брисел.

Еднократен турнир

Платини вели дека овој начин на избор на домаќините ќе биде еднократен.

„Ако идејата е привлечна за извршниот комитет, тогаш ќе навлеземе во детали околу организацијата на европското првенство во неколку градови во Европа, но тие ќе се однесуваат единствено на 2020-та година”, изјави Платини минатиот месец.

Интерес за организација на турнирот пројавила и Турција, но само во случај ако нејзиното барање да биде домаќин на Олимписките игри истата година е неуспешно.

Заедничка организација посакуваат Шкотска-Велс-Ирска, исто како и Грузија- Азербејџан, кои веќе испратиле понуди, но за УЕФА наводно не биле доволно убедливи.