1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пласник: 10 декември краен рок за решавање на косовското прашање

*

Министерката за надворешни работи на Австрија Урсула Пласник денеска изјави дека 10 декември е крајниот рок за решавање на статусот на Косово и дека тоа не може да се одолговлекува во недоглед. „Сакам двете страни да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и вистински да ја искористат последната преговарачка фаза“, стои во соопштението од кабинетот на министерката. Договорено решение би било најдобро, но не смеат да се затвораат очи пред реалноста, вели Пласник, нагласувајќи дека Австрија и понатаму ќе настојува да го поддржи процесот за решавање на статусот на Косово.