1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пласник:Македонија треба напорно да работи

Унијата е партнер од доверба и ќе го исполни ветеното,порача австриската министерка за надворешни работи

default

Европа нема да го запре проширувањето кон Западен Балкан,но додека Австрија претседава со ЕУ,Македонија веројатно нема да добие датум за почеток на преговори за членство.Кога ќе стартува дијалогот Скопје Брисел,ќе се знае наесен,кога ЕУ ќе го објави редовниот извештај за напредокот во Македонија,изјави за Дојче Веле австриската министерка за надворешни работи Урсула Пласник,која синоќа во Виена учествуваше на Конференција за жените,заедно со шефицата на македонската дипломатија Илинка Митрева.Пласник е оптимист за Македонија,Унијата е партнер од доверба и ќе го исполни ветеното,рече Пласник:

-Во декември одлучивме на Македонија да и дадеме статус кандидат за членство,тоа беше клучен чекор и големо достигнување и сега го чекаме извештајот на ЕК,кој ќе ја вреднува ситуацијата многу внимателно,а потоа ќе одлучиме за следниот развој,рече Пласник ,според која европската перспектива им е отворена на сите земји од Западен Балкан,а не само за Македонија.Тоа за неа не е изненадување,договорено беше уште во Солун пред три години,а потоа потврдено неодамна на министерскиот состанок во Салцбург.Затоа и граѓаните од регионот треба лесно да патуваат во Европа,смета шефицата на австриската дипломатија,која инсистира на договорите за реадмисија како на услов за олеснување на визниот режим:

-Не сакам да создавам илузии бидејќи тоа не е фер,бидејќи тоа е нешто на кое сите треба напорно да работиме,вие внатре во вашата земја,ние во нашите земји.Знам дека ова е една од главните грижи во Македонија и во сите земји соседи на ЕУ,рече Пласник која главната порака од Виена им ја упати на македонските политичари:треба да се работи чекор по чекор, полесно до европски визи граѓаните ќе доаѓаат кога Македонија целосно ќе ги исполни условите кои од неа се бараат.