1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пласидо Доминго полни 70 години

Светски познатиот тенор Пласидо Доминго е роден на денешен ден 21 јануари 1941 год. во Мадрид, како син на познати интерпретатори на шпански народни песни. И покрај возраста Доминго и натаму е активен како оперски пејач.

default

Пласидо Доминго

Пласидо Доминго на бината за првпат застанал на 10-годишна возраст, а кога имал 20 години, во 1961 година, го имал своето оперско деби во Мексико, како Алфредо во „Травијата“ од Џузепе Верди. За кратко време Доминго ги освоил најпознатите оперски куќи во светот, како во Лондон, Виена, Милано, Берлин, Њујорк или Буенос Аирес, каде ги воодушевувал бројните обожаватели, пред се‘ со изведби на делата на Верди.

Placido Domingo Anna Netrebko Rolando Villazon

Toj зад себе има 50-годишна блескава кариера како оперски пејач, а исто така тој е и интендант и диригент.

Дел од прочуените „Тројца тенори“

Гласот на Пласидо Доминго е незаменлив и важи за еден од најмаркантните во операта, во втората половина на 20 век, без разлика дали исполнува дела од Верди или Вагнер, оперски арии или народни песни. На отворањето на Светското првенство во фудбал во 1990 година во Италија, Пласидо Доминго настапи заедно со Хозе Карерас и Лучијано Павароти, прочуените „Тројца тенори“.

Доминго продолжува да биде активен како оперски пејач. Така пред кратко време тој во Лондон ја пееше главната улога во операта на Верди „Симоне Боченегра“. Меѓутоа тој се почесто го менува местото на бината со она пред оркестарот.

Диригира и не престанува да пее

Работата како диригент го фасцинира уште од 1973 година, кога за првпат диригираше една опера.

Die drei Tenöre - Großbild

Тројцата прочуени тенори: Хозе Карерас, Лучано Павароти и Пласидо Доминго

Тој уште во едно интервју во 1976 година изјави дека може да си замисли таква музичка иднина.

„Да така е. Јас всушност на музичката академија и учев по малку диригирање, но кога ќе престанам да пејам, тогаш сакам да диригирам опери, зашто многу добро го познавам репертоарот и диригирањето многу ме привлекува. Значи кога ќе дојде времето ќе се префрлам на диригентската струка“

Денес Доминго работи како шеф на операта во Лос Анџелес и Вашингтон и диригира во големите оперски куќи во светот. А што се однесува до пеењето, тоа веројатно нема набргу да престане да го прави.

Автор: Клаус Герке / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Симе Недевски