1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

План од нужда

Коментар на Даниел Шешкевиц

Буш во „небрано„

Буш во „небрано„

Американскиот претседател Џорџ Буш во синоќешниот говор во Пенсилванија го скицираше својот план за предавање на власта во Ирак. Истовремено САД и Белика Британија до Советот за безбедност на Обединетите нации поднесоа нова нацрт-резолуција со мандат на Обединетите нации во Ирак. Дали е тоа вистинскиот пат за во земјата да се доенсат мир и стабилност? Говорот на Џорџ Буш и новата нацрт - резолуција за Ирак се координиран чекор во вистинската насока. Повеќе суверенитет за Ирак, повеќе меѓународна одговорност за обновата и посилна улога за Обединетите нации. Па, сепак не може да се избегне впечатокот дека станува збор за болен процес на лекција при што помалку станува збор за умен став, а повеќе за нешто родено во неволја. Имено, претседателот Буш во неговиот говор даде и сигнал за постепено повлекување. Планот со кој во иднина Ирак треба да се смири со меѓународни единици, но под водството на американски генерал, имено исто така е американско повлекување. Популарноста на претседателот Буш кај избирачите според последните анкети е во драматично опаѓање, а ситуацијата во Ирак напротив не е подобрена, а сканадлот со измачувањата во затворот Абу Граиб ги турна во сенка и моралните премиси за ирачкото ослободување. Оттаму, Буш мораше погледот да го насочи напред, зашто датумот на трансферот на власта – 30 јуни – неумитно се приближува. Неговиот план за Ирак кој наоѓа реплика во предлог-резолуцијата, на САД им ги остава отворени сите опции. Датум за конечно повлекување на американските трупи нема. САД би можеле да се повлечат од Ирак и по една година, но на тоа не можат да ги принудат ниту предложената резолуција, ниту некоја номинално суверена ирачка влада. Она што Буш сакаше да го обезбеди со својот говор е видливо: повеќе војници и повеќе пари од меѓународната заедница. И тоа за држава за која Буш самиот тврдеше дека е доволно богата обновата да ја плаќа од сопствениот џеб. Изворот на тоа богаство, приходите од ирачката нафта, и во иднина ќе биде контролиран од меѓународно тело. Според тоа, ирачкиот суверенитет и по 30 јуни е далеку од целосен. Со оглед на комликуваната ситуација такво нешто би било илузија. Постојани немири, граѓанска војна за изворите на нафта или поле за дејствување на исламските терористи никако не може да биде и инетерс за Европа. Затоа предавањето на сета политичка и економска власт врз Ирак мора да се одвива сукцесивно.Сепак, решавачко е акцијата водена од американските сили да се сврти во полза на безбедносно партнерство меѓу суверен Ирак и меѓународната заедница. Ако тоа успее, тогаш за земјата меѓу Тигар и Еуфрат се уште има надеж.

Даниел Шешкевиц