1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

План за национално помирување во Ирак

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики поднесе план за национално помирување што би требало да му застане на патот на растечкото насилство во земјата.

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики со американскиот претседател Џорџ Буш во Багдад

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики со американскиот претседател Џорџ Буш во Багдад

Во него меѓу другото се бараат и конкретни термини за преземање на сите безбедносни задачи од страна на ирачката војска и полиција. Тоа со други зборови би значело и изготвување план за повлекување на странските сили предводени од САД.

Планот на ирачкиот премиер содржи и барање за разоружување на сите милиции во земјата. Нури Ал Малики најавува и ослободување на 2.500 од вкупно 28.000 ирачки зтвореници, при што:

„Амнестијата би требало да важи само за оние кои не биле вмешани во деликти, терористички акти или воени злостори против човечноста. Треба да биде создадена комисија за да ги пушти на слобода невините„ – порача Нури Ал Малики.

Ирачкиот премиер има намера и да почне преговори со востаниците од сунтиското насление, но исто така со едно ограничување: нема преговори со оние кои се вмешале во мрежата на Ал Каеда или пак се приврзаници на поранешниот диктатор Садам Хусеин. Ова диференцирање важи и за политичките сили во владата:

„Политичките сили вклучени во владата мораат да заземат јасен став кон тероризмот и приврзнаиците на Садам Хусеин.„

Реално погледнато сите точки наведени во националниот план за помирување не се воопшто ништо ново. Дел од затворениците се веќе ослободени и тоа оние кои се сметаа ионака за невини. Обиди за дијалог со сунитските востаници имаше и до сега, но беа безуспешни. А и разоружувањето на милициите се наоѓа веќе подолго време на списокот приоритети на ирачката влада. Само што тоа не е лесно, бидејќи дел од милиоционерите во меѓувреме веќе се пријавиле и служат во официјалната ирачка полиција. Освен тоа милициите се оружени крила на партиите застапени во парламентот, така што дел од шефовите на тие вооружени групации седат не само во пратеничките клупи во Багдад, туку дури и во кабинетот на премиеро Ал Маилики. Најважното прашање е сега дали тие пратеници и министри се чувствуваат повеќе обврзани кон претставничкиот дом и премиерот или пак кон вооружените милиции што самите ги основале или ги предводат.

И уште една занимливост: појавувањето на планот за национално помирување во Ирак се појави во исто време кога и една статија во угледниот американски весник „Њујорк тајмс„, што се повикува на строго доверливи документи на врховниот комендант на американските сили во Ирак. Според него се планира драстично редуцирање на американските сили стационирани во Ирак од сегашните 130.000 од 14 борбени бригади на само пет до шест бригади до крајот на 2007-та.