1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Планот на Тадиќ за Косово од четири точки

Србија има шанси во февруари да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, порача министерскиот Совет на ЕУ. Се чека напредок во дијалогот со Приштина. Претседател Тадиќ предложи план за решавање на косовското прашање.

default

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Односите меѓу Косово и Србија можат да се подобрат и да се решат со дијалог, доколку бидат разгледани четири прашања - решение за манастирите на СПЦ и администрирање со манастирските комплекси, гаранција за Србите во енклавите, прашањето на државниот имот и имотот на граѓаните на Србија на Косово, како и посебното решение за северот на Косово. Ова е наведено во планот од четири точки на српскиот претседател Борис Тадиќ. Приштина го отфрла планот, а меѓународната заедница нема конечен став околу поддршката за овој план.

Компромисот е најдобро решение

Мотив за претставување на еден ваков план е обидот да се направи некаква политика или план кој ќе биде во согласност со реалноста на Косово, оценува за Дојче веле Огњен Прибичевиќ, поранешен амбасадор на Србија во Германија. А реалност е дека Србите на северот на Косово не сакаат да живеат под авторитетот на Приштина и оти Србија од 1999-та година нема никаков суверенитет над Косово. Во таа смисла е добро да се има некаков план кој би можел да доведе до некаков компромис, вели Прибичевиќ.

Flaggen Serbien EU

„Затоа што овие другите технички преговори што се во тек меѓу Белград и Приштина некако ги исцрпеа своите можности. И впрочем под итно мора да се направи обид да се стори нешто што би било компромис за цело Косово. Во спротивно, се плашам дека се отвора простор и за екстремистите и од другата страна и за оние недобронамерни од меѓународната заедница таа ситуација на северот на Косово да ја користат кога ним им одговара“, вели Прибичевиќ.

Чукање на вратата на дијалог

Планот на Борис Тадиќ од четири точки претставува излезна стратегија за Србија од пат позицијата со ЕУ, смета Невен Цветичанин од Институтот за општествени науки.

„Тој план има за цел да се направи повторен обид за дијалог во Косово и за позицијата на српската држава на Косово. Би требало да се каже дека тоа е доста тешко, особено кога многу важни и големи сили сметаат дека тој дијалог е главно завршен. И овој план од 4 точки има улога претпазливо да се обиде да ја отвори таа врата: метафорично тој план поради тоа можеме да го наречеме ’тропање на вратата на дијалогот’“.

Меѓународната заедница, пак, според Прибичевиќ најмногу стравува околу последната точка од овој план, а тоа е посебното решение за северот на Косово. Многумина зад тоа гледаат повторно покренување на прашањето за статусот на Косово, што меѓународната заедница не го сака во никој случај, смета Прибичевиќ.

Српската опозиција е против овој план и го нарекува план на Ахтисари, а Цветичанин вели дека така и ќе остане се‘ до периодот по изборите во Србија. Опозицијата секако сака да ја напаѓа власта и тешко е да се очекува да се постигне каков било консензус околу прашањето за Косово се‘ додека изборите не завршат, смета Цветичанин.

Автор: Ивица Петровиќ/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска