1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Планот на Ахтисари основа за ставот на ЕУ

ЕУ во Советот за безбедност ќе настапи со единствен став во однос на прашањето за идниот статус на Косово. По консултациите со колегите од другите земји, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, актуелен претседавач со Советот на Унијата, рече дека како основа за ставот на Европејците и натаму служи предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари. Тој предвидува независност на Косово под меѓународен надзор, а Србија го отфрла како спротивен на меѓународното право. И неколку земји на ЕУ критички гледаат на тој план.