1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Планините Харц: историја, романтика, масивност

Планини покриени со шума, мочуришта, карпи, заоблени врвови - пејсажот на Харц е многу живописен. Овие планини, по традиција, се едни од најпосетуваните во Германија.

default

Живописни предели и стара архитектура

Кога Алпите сеуште се сметаа за непристапни, а Црната Шума сеуште неоткриена од Англичаните и Французите, планините Харц станаа атракција за актерите, студентите и поетите. Со своите 90 километри должина, 30 километри широчина и старост од околу 400 милиони години, планините Харц се протегаат во централниот дел на земјата, на границата која порано ги делеше Источна и Западна Германија. Врвот Брокенберг, висок 1142 метри, е познат по легендите дека во античко време бил собиралиште на вештерки, духови и други пагански суштества. Гете, кој многу патувал, Брокенберк ја нарекол негова омилена планина и и` дал место во литературната историја, споменувајќи ја во Фауст, во сцената Сабат.

Пат кон Романтика

12 километри долгиот пат кон Брокен од градот Илсенбург, беше инспирација за германските романтичари.

Harz

Брана на Харц

Денес, рутата, која поетот Хајнрих Хајне ја прослави во неговите поеми, е обележана со знаци од зелени правоаголници. Недалеку од долината Илсефал, до која може да се стигне пешки, има испреплетени потоци кои течат низ гранитен камен - како споменик за Хајне.

Месноста Харц го добила името по шумата. По средновековниот германски јазик, „Hart“ значи пошумен предел. Сите букови дрва во тоа време биле исечени за изградба на куќи и тунели, а се употребувале и за топење на рудата која била вадена од планините пред илјада години. На нивно место биле насадени дрва кои брзо растат.

Harz

Харц

Масовниот туризам во регионот Харц се разви во втората половина на 19 век, со пронаоѓањето на железницата. Од 1992-та година, возот кој претходно сообраќал од Вернигерод до Нордхаузен сега минува и по патеката која била затворена по војната, од Драј Анен Хоне до врвот на Брокенберг. Со своите 60,5 километри, тоа е најдолгата рута во Германија за возови кои сообраќаат по тесен колосек.

Национален парк Денес, околината околу Брокенберг, или Блоксберг (како што често се нарекува по локалниот дијалект) е национален парк. Како мошне популарна дестинација, во 1900 година околу 100 илјади луѓе се искачиле на Брокен. Денес, националниот парк го посетуваат околу околу два милиона луѓе годишно. Во куќата Брокен, која е центар за посетителите, националниот парк нуди информации за околу 1500 видови растенија кои живеат на високи места и на планинска клима.

Во источниот дел на Харц, Ширке беше популарно место за скијање од 1920-те до 1940-те години. Малото, пријатно планинско гратче не се наоѓа многу далеку од

Harz

Брокен 1142 метри

градовите Браунлаге и Вернигерод, кои се наоѓаат на подножјето на Брокен. Посетителите оттаму можат пеш да се искачат до Брокенберг, но исто така и на скии, на коњи, или со воз.

За првпат, луѓето почнале да скијаат на планината од соседното градче Браунлаге. Во 1890 година, таму се одржале првите часови по скијање, а во 1892 година бил основан првиот клуб за зимски спортови. Браунлаге сега има терени за скијање, осветлена скијачка патека, лизгалиште на мраз, како и ски - школа. Гратчето во кое живеат околу 5000 жители, нуди околу 7500 легла за туристи.

Во регионот можат да се посетат уште неколку града. Вернигерод, кој има дрвени куќички, Бад Лаутерберг, во кој се наоѓа најпознатата лековита бања во Северна Германија и во која се работи по реткиот ,,Kneipp“ метод, како и Гослар, чиј стар дел од градот (од средниот век) е многу добро сочуван и затоа е на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.

Поврзана содржина