1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

"Планерот" на Ал Каеда признал се‘?!?

Американското министерство за одбрана соопшти дека наводниот главен планер на нападите од 11 сепетмври 2001-та година го признал делото.

Пакистанецот Калед Шеик Мохамед

Пакистанецот Калед Шеик Мохамед

Пакистенецот Калид Шеик Мохамед освен тоа признал дека учествувал во планирањето на вкупно 28 натамошни планирани или извршени атентати, меѓу нив и оние двата врз ноќните клубови на Бали во 2002-та. За признанието нема никакви независни сведоци, ниту пак судска инстанца: Калид Шеик Мохамед од мината есен се наоѓа во озлогласениот затвор на Американците во воената база Гвантанамо на Куба.

На затвореникот Калид Шеик Мохамед големо внимание му посвети дури претседателот Џорџ Буш, кој на 6. септември минатата година објави дека бил префрлен во базата Гванатанамо од таен затвор на ЦИА. Тој говор на американскиот претесдател фактички остана во сеќавањето, бидејќи со него Буш индиректно призна дека тајната служба на САД имала тајни затвори надвор од американска територија. Буш при тоа го нарекуваше затвореникот постојано со неговите иницијали:

“КСМ беше исппрашуван од ЦИА со специјални процедури и даде информации, со чија помош беа спречени натамошни напади врз САД. Тој ни испорача на тој начин и други планови за убивање невини Американци“ - појасни Буш.

Со префрлањето на Калид Шеик Мохамед и уште 13 други затвореници во Гвантанамо наводно беа затворени последните американски тајни затвори надвор од земјата. Таму тој на 10. март според соопштението на Пентагон признал дека е одговорен за планирањето на целата операција со уривањето американски авиони во облакодерите на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз зданието на Пентагон од 11 спетмеври 2001-та. Калид Шеик Мохамед открил и дека бил планиран втор бран атентати, чија цел требало да бидат облакодари во Лос Анѓелес, Чикаго, Сиетл, како и славниот Импајер стејт билдинг во Њујорк. Освен тоа наводно имало планови и за создавање биолошко оружје со бактерии на антракс.

Сите овие наводи ги потврдуваат претходните изјави на американскиот претседател. Затвореникот Калид Шеик Мохамед не сакал да даде изјава под заклетва, бидејќи наводно со тоа би го прифатил американското законодавство и уставот на САД.

Тој исто така рекол дека бил измачуван од страна на агентите на ЦИА по апсењето во Пакистан во 2003-та година. За ова клучно сведочење нема независни сведоци, а не беа пуштени ни новинари – како што тоа знаело да се случува во други прилики. Како причина за тоа се наведува чувствителноста на исказот, кој што може да има далекусежни последици по безбедноста на светската супер сила.