1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пишувањето на „То Вима“ е медиумски трик, тврдат македонските власти

Властите во Скопје тврдат дека наводната понуда на САД до грчкиот премиер Јоргос Папандреу во спорот со името и пишувањето на „То Вима“ се медиумски трик и напипување на пулсот пред новата рунда преговори.

default

Прво шок, а потоа реакција. Пишувањето на весникот „То Вима“ дека САД го предлагаат името „Република Северна Македонија“ и означување на јазикот како „северномакедонски“ како решение на спорот меѓу Македонија и Грција, предизвика брза реакција на властите во Скопје.

Преку државната агенција МИА македонските власти тврдат дека оваа наводна понуда од официјален Вашингтон е медиумски трик на Грција. Извори на Дојче веле во ВМРО ДПМНЕ го повторуваат тој став и потсетуваат дека наредната недела медијаторот на ОН Метју Нимиц допрва во Њујорк ќе разговара со македонско-грчките преговарачи во спорот со името, со можна нова формула и излегување од деценискиот спор. Според владини извори во Скопје, текстот на „То Вима“ е опипување на преговарачкиот пулс.

Неверување

Не би можел да поверувам дека искусни државници на САД би влегле во стапицата директно на Папандреу да му нудат готови рецепти за решавање на грчко-македонскиот спор, вели екс-амбасадорот Ѓорги Спасов: „Македонија треба да влезе во такви сериозни разговори и веќе не смее да бега од разговори околу прифаќање на некое име коешто ќе биде компромисно со Грција, но што се однесува до другите идентитетски обележја, јас не верувам дека се тие предмет на некакви разговори и некакви дополнителни предлози.“

Резервираност

Покрај професорот Спасов резерви кон можна промена на националниот идентитет има и кај челникот на невладиниот ДЕМОС, Нано Ружин:

Mazedonien Politik Nano Ruzin 2

Нано Ружин

„Сметам дека едниот дел од предлогот во однос на името е прифатлив, додека во однос на она што сите го оценуваат како идентитет, значи јазик и.т.н. и за што се зборуваше дека нема да биде тема на преговори, Македонија е доведена во малку непријатна положба“, вели Ружин.

Тој неодамна предлагаше консултативно пошироко тело составено од интелектуалци, хуманисти и државници што би можело да просудува во кој правец би можело да се најде компромисна формула како решение на спорот.

Автор: Александра Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM