1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пицула: Потребна е посилна американска интервенција во спорот за името

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула не е преголем оптимист дека Македонија во декември ќе добие датум за преговори со ЕУ. Тој за ДВ се осврнува и на спорот со името.

Европратеникот и поранешен шеф на хрватската дипломатија, Тонино Пицула, како многумина негови колеги, не се осмелува да прогнозира кога Македонија би добила датум за преговори:

„Во моментов навистина е тешко да се зборува за тоа, доволно е да се потсетиме колку изборите во Греманија ги блокираа, па дури и ги запреа некои од процесите внатре во ЕУ, кога требаше да бидат донесени значајни одлуки за екононската криза. Не треба да се заборави дека идната година имаме и избори за составот на Европскиот парламент. Со оглед на важноста на ЕП и на другите европски институции, дали сега Европскиот совет ќе го направи она што требаше да го направи пред многу години, навистина не сум сигурен, ова дотолку повеќе познавајќи ја ситуацијата и околностите. Ако се гледа од перспективата на Скопје, тешко може да се биде преголем оптимист“, изјави Пицула за Дојче веле.

Осврнувајќи се на спорот меѓу Македонија и Грција околу името, тој вели дека е неопходна посилна американска интервенција:

„Интервенција на САД, која на некој начин им помогна и на Брисел и на Загреб и Љубљана да осмислат еден концепт, кој на ниту една страна не и‘ беше посебно пријатен. Но тој доведе до потребниот компромис. Дали во овој случај една интервенција на Вашингтон, кој ја призна Македонија под уставното име, ќе доведе на извесен начин и Грција да се однесува кон својот сосед како Словенија кон Хрватска, односно да се отвори еден процес за компромис останува да се види. Во моментов можам само да посакам - Вашингтон да одвои малку повеќе дипломастко внимание и да направи напор во годината на грчкото претседавање да се излезе од оваа пат ситуација.“

Поврзана содржина