1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Питер Ајкер: „Македонија може да покаже повеќе“

За изборите да бидат добро организирани не значи само дека не треба да има насилство. Македонија може и треба да покаже многу повеќе на 22 март, вели Питер Ајкер, шеф на мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, во разговор за ДВ.

default

Првиот човек на меѓународните набљудувачи објаснува: мирното гласање без инциденти е само еден од аспектите на фер и демократски избори, организирани согласно меѓународните стандарди. „Очекувам нешто многу подобро за Македнија, сметам дека луѓето овде заслужуваат многу подобри избори. Ќе бидам многу разочаран доколку има пукање, доколку има жртви. Мислам дека е од огромна важност да има слободен, транспарентен, чесен, фер изборен процес, како што се очекува на секои демократски избори. Не е доволно само да нема насилство. Целиот процес треба да биде добар."

Заплашувањето е тешко да се докаже

Wahlen in Mazedonien

Мирни избори не значат само избори без насилство

Меѓународните набљудувачи имаат повеќе забелешки на досегашниот тек од кампањата. Во своите интерни извештаи тие констатираат дека изборната кампања почнала пред официјалниот старт, добиле пријави за случаи на заплашување на некои кандидати и увиделе дека постои недоволно балансирано медиумско покривање.

Амбасадорот Ајкер, објаснува: "Заплашувањето е многу тешко за докажување. Постојано поставуваме прашања, го слушаме она што луѓето имаат да го кажат, многу често слушаме за тоа и сметаме дека има проблем, но се уште не сме донеле заклучок за тоа колку и каде е застапено и дали е реално“, вели американскиот дипломат. Дојче Веле го праша дали постојат конкретни случаи со имиња на луѓе кои биле инволвирани во заплашување. "Имаме неколку и ги разгледуваме, но луѓето кои ни ги кажуваат тие работи велат: ве молиме не го користете моето име, а за тоа имаат очигледна причина“.

Проблематичен е и избирачкиот список

ОБСЕ И ОДИХР се исто така сериозно загрижени и за избирачкиот список. Шефот на набљудувачите Ајкер објаснува зошто. “Многу граѓани на Р. Македонија се во странство, но и нивните имиња стојат на списокот, што е во ред. Сепак, доколку имате голем процент на луѓе кои се надвор од земјата на денот на изборите, тоа може да отвори можност за манипулации со избирачките списоци. Ваква загриженост искажаа повеќе членови на политички партии и кандидати, така што на тоа особено ќе внимаваме“, вели Ајкер.

Wahlen in Mazedonien DPA Partei der Albaner

Граѓаните на Македонија заслужуваат добри избори

Има уште некои помали неправилности или прашања што ги посочува и поставува ОБСЕ, како на пример прераниот почеток на изборните кампањи, транспарентноста на финансирањето на кампањите, ефективноста на жалбените постапки.

Очекувањата се оптимистички

Во оваа фаза сите овие апсекти се посочени како предмет на загриженост, а не како нешто за кое сме одлучиле дека се смета за нерегуларност, вели амабсадорот Ајкер во интервју за Дојче Веле. Неговите очекувања се отпимистички. „Секако дека се надевам дека ќе нема насилство, но насилствтото е само еден од апспектите на изборите, кои ги следиме. За нас се важни изборната администрација, однесувањето на кандидатите и политичките партии, потоа медиумското покривање, дали се правично и балансирано застапени сите учесници на изборите па се` до самиот чин на гласање, односно денот на изборите - дали тоа е чесен процес или има нерегуларности. Досега видовме многу малку насилство, што е добар знак, но тоа е само еден аспект што ги чини изборите демократски“, констатира во разговорот за Дојче Веле, Питер Ајкер, шеф на мисијата на ОБСЕ и ОДИХР.