1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Писториус се расплака во судницата

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус денеска се појави на сослушување пред судот откако вчера ја застрела својата девојка.

26-годишниот параолимпиец денеска (15.02) и формално беше обвинет за убиството на неговата 30-годишна девојка, манекенката Рива Стенкамп. Додека му беше читано обвинението Писториус се расплака во судницата. Судијата најави дека одлуката за евентуална кауција за атлетичарот ќе ја донесе следната недела, до кога му е одреден и притвор на Писториус. Неговиот адвокат подоцна соопшти дека Писториус „најостро го отфрла“ обвинувањето за убиство на својата девојка.

Бројни медиуми вчера пренесоа дека Писториус најверојатно случајно ја убил својата девојка, мислејќи дека е натрапник во неговиот дом. Полицијата во меѓувреме соопшти дека таа била погодена со четири истрели.

Писториус влезе во историјата откако минатата година на Олимпијадата во Лондон стана првиот атлетичар кој се натпреварувал иако е со две ампутирани нозе. Досега на параолимпијадите тој освои 8 медали, од кои 6 златни. Во Јужна Африка тој уживаше статус на голема ѕвезда, а имаше и договори за рекламирање со бројни светски познати компании. Вчерашното убиство предизвика шок во Јужна Африка. Случајот Писториус предизвика поголем интерес за тамошните весници дури и од годишното обраќање до нацијата на претседателот на државата.