1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Пипан нов селектор на македонските кошаркари

Словенечкиот стручњак кој е и тренер на МЗТ Скопје го раскина договорот со полската кошаркарска федерација по што застанува на чело на македонската репрезентација во пресрет на Евробаскетот

default

Македонската Кошаркарска Федерација постигна договор со словенечкиот тренер Алеш Пипан и тој ќе ја предводи машката репрезентација на Евробаскетот кој во септември ќе се игра во Словенија.

Актуелниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром на селекторската позиција го наследува Марјан Лазовски кој го водеше македонскиот состав на Олимписките квалификации во Венецуела.

Пипан до неодамна беше селектор на репрезентацијата на Полска, со која настапи на Евробаскетот 2011 година, а порано во кариерата, покрај клупските ангажмани, работеше и како селектор на Словенија, настапувајќи на Европските првенства во 2005 и 2007 година, како и на Светското првенство во 2006 година.

Во текот на наредната седмица ќе биде закажана и прес-конференција на која Алеш Пипан официјално ќе биде презентиран како нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, а презентирана ќе биде и деталната програма за подготовките и настапот на Евробаскетот 2013 година.