1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пилотска грешка причина за падот на авионот во САД

Првичните резултати од истрагата покажуваат дека причината за падот е човечка грешка. Само едно лице ја преживеа несреќата.

Истрагата е во тек

Истрагата е во тек

Патничкиот авион кој се урна кај американскиот град Лексингтон, откако се запали веднаш при полетувањето полетал од погрешна писта. Ова го утврдила првичната истрага по прегледот на црните кутии. Деби Хершман од националниот одбор за безбедност во сообраќајот изјави дека „прелиминарната истрага покажува оти авионот полетал од кратката писта која е наменета за комерцијални летови“, односно од пистата која е двојно помала од главната аеродромска писта. Во несреќата загинаа 49 лица, меѓу кои и двајца членови на екипажот. Преживеа само копилотот кој е тешко повреден. Тоа го потврди и Гери Џин од спасувачките екипи на теренот.

„Можам да потврдам дека имаме еден преживеан. Сега се оди на идентификација на останатите загинати. На теренот е веќе врвна форензичка екипа, а тука се и ФБИ и различни други агенции кои ни помагаат да се расветли случајот.“

Истрагата треба да ја утврди и исправноста на авионот. Претставникот на компанијата Комеир, Дон Борнхорст изјави дека авионот бил нов и редовно прегледуван:

„Го купивме овој авион како нов во јануари 2001. Авионот е редовно контролиран, и последната проверка беше завчера. Засега не може да претпоставиме дека се случило нешто со техниката“.

Авионот кој се урна во Лексингтон требаше да патува за Атланта. Ова се смета за најголемата авионска несреќа во САД за последните шест години.