1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пилај: Советот за човекови права пропушта шанси

Наватем Пилај веќе една година ја извршува функцијата Висок комесар за човекови права. Како изгледа првиот биланс? Мислењата се различни.

default

Нави Пилај веќе една година е Висок комесар за човекови права

Откако Нави Пилај пред една година влезе во својата канцеларија во Женева, и‘ претстоеше голем предизвик – организирање на големата конференција против расизмот. Конференцијата во Дурбан, во април, започна со скандал. Иранскиот претседател Ахмадинеџад го искористи своето време во говорот како шеф на држава за да го доведе во прашање постоењето на Израел. И покрај тоа, конференцијата заврши оценета како успешна поради донесувањето на завршната декларација против расизмот.

Ноке: Не баш најдобар старт

Гинтер Ноке, ополномоштеник за човекови права во германската сојузна влада кој се залагаше за

Günter Nooke

Ноке: Пилај немаше најдобар почеток

бојкот на Конференцијата против расизмот, билансот на Високата комесарка за човекови права, по една година во службата, го оценува како просечен: „Кога Ахмадинеџад зборуваше половина час, иако всушност имаше само седум минути и кога конференцијата ја водеше еден јавен обвинител од Кенија, кој во еден документ од специјален известуваш тука беше наведен како главен виновник за убиствата и немирите во Кенија, и згора на тоа во присуство на Бан Ки Мун како генерален секретар! Никој не го прекина Ахмединеџад кога држеше анти-семитски говор против Израел. Сметам дека тоа не беше најдобар почеток за госпоѓата Пилај.“

Сплинтер: Првиот тест е положен

Петер Сплинтер, набљудувачот од организацијата за човекови права - Амнести интернешнл, во Советот за човекови права го воочува токму спротивното: дека Нави Пилај, со Конференцијата против расизмот, го положила првиот тест: „При конференцијата, таа покажа квалитети на лидер. Кога конференцијата навлезе во тешкотии, таа влета и ја презеде иницијативата, работеше со владите и така помогна да се спаси конференцијата. Секако се надевам оти и при други комплицирани теми, таа ќе ги покаже своите квалитети на лидер. Ова особено се однесува на Советот за човекови права, кој воопшто не се занимава со ситуациите во одредени земји.

Поголема одговорност за прекршувачите на човековите права

Kopftuch in Schwarz-Rot-Gold

Пилај ветува борба против секаков вид дискриминација

И за Нави Пилај предизвикот е сличен, иако нејзината служба постои независно од Советот за човекови права и не е институционално поврзана. Таа жали што мнозинството на членовите на Советот за човекови права при Обединетите нации експлицитно не дозволуваат дебати за повредите на човековите права во одделни земји: „Тие пропуштија одредени можности. Не сакам да посочувам одредени конфликти, на пример можеа да имаат дискусии за ситуацијата во Судан или Шри Ланка, како што сторија за случајот со Газа. Сите знаеме што се случува во овие конфликти: гинат недолжни цивили, се силуваат жени. Тоа е толку шокирачко што едноставно мора да биде тема во Советот. Овој аспект беше разочарувачки за мене.“

Во времето што и‘ останува во службата, Нави Пилај ќе се бори против секаков вид дискриминација. Освен тоа, ќе се залага и за поголема одговорност на прекршувачите на човековите права.

Автор: Клаудија Вите / Ана Алибегова

Редактор: Жана Ацеска