1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пикасо во Берлин

Берлинската културна сцена кратко по отворањето на 10-иот уметнички форум и по затворањето на големата изложба на Франциско Гоја , доби една атракција.

default

Во новата Национална галерија беше отворена изложба на која по повод 20 годишниот јубилеј на Музејот на Пабло Пикасо во Парис , нуди голем избор на слики скулптури и работи на хартија од овој музеј . На тој начин изложбата целосно ги документира сите творечки фази на најголемиот уметник на 20-иот век.

Ова е четврта изложба на Пикасо во Берлин: Во 1982 година тема беа скулптурите , потоа времето по Герника ,потоа изложмата наречена „Осиромашување“ и сега големата поставка со преку 90 слики и скулптури и околу 80 работи на хартија , од музијот на Пикасо во Париз.

Ова е првпат , тој музеј да се претстави со една волку голема изложба во друга метропола. Со добра причина тоа е направено во Берлин – вели Петер Клаус Шустер , генерален директор на државните музеи :

„Значајно е што сите големи трговци на слики од Пикасо биле Германци. Започна со Вилхелм Уде , потоа Даниел Хенри , па Хајнц Бергруен а потоа доаѓа еден вернер Шпис и оттаму , што ќе беше Пикасо без Германија . Сите големи колекционери беа во Германија. Во 1937 година Пикасо беше прашан за Герника , Германците го прашаа – кој го наслика тоа?- на што тој одговори : Вие го насликавте тоа, Германците го насликаа . Значи Пикасо и Германците –тоа е една голема тема. “

Изобилството на дела од Пикасо кои во моментов можат да се видат во Националната галерија изненадува , истакна Дирекорот на парискиот музеј Жерар Рение , додавајќи дека ваква поставка тој не видел ниту во неговата матична куќа:

„Задоволство ми е да видам изложба на рамниште на кое не било прикажано во Париз . Не можев ниту да замислам дека сме имале толкави богатства , во толку мал музеј.