1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пет насто гладни граѓани во Македонија

5% од македонските граѓани гладуваат, 11 ретко, осум проценти понекогаш почувствувале глад, додека 76 % никогаш не биле гладни, покажува истражувањето спроведено од БРИМА, македонски член на Галуп Интернешнл.

Анкетата на БРИМА била спроведена во периодот од 18 до 27 ноември 2011 година на територијата на Република Македонија на 1.209 испитаници со национално репрезентативен примерок, лице-в-лице во домот на испитаникот. Маргината на грешка изнесува +/- 2.8% со 95% ниво на доверба.
Глобалното истражување за почувствувана/искусена глад покажува дека 12% од
анкетираните во светот кажуваат дека имало периоди во последните 12 месеци
кога немале што да јадат. Меѓу нив 3% изјавиле дека се постојано гладни
односно немаат што да јадат.
Според најновите податоци за почувствувана глад односно недостиг на храна,
88% од анкетираните во светот изјавуваат дека се ослободени односно не
почувствувале глад.
Ако овие проценти се проектираат во глобалната популација од 7 милијарди
луѓе, шокантно голем број околу 840 милиони луѓе страдаат од глад.
Вкупниот број на луѓе кои почувствувале глад е скоро ист како и естимациите
на Обединетите Нации и нивните специјализирани агенции како што се
Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).
САД се на врвот на земјите кои не успеале да овозможат да нема чувство на
глад во нивната земја без оглед на високиот национален доход. Без оглед што
приходот по глава на жител годишно изнесува повеќе од 45,000 долари сепак
само 78% од Американците не почувствувале глад, што значи дека 22% од
нивната популација изјавува дека немале што да јадат во текот на измината
година.
Тунис е на врвот на земјите кои и покрај нискиот приход по глава на жител не
почувствувале глад. Го следат Виетнам и Азербејџан. Приходот по глава на
жител во овие земји е помал од 10,000 долари. Тунис има 99%, а Виетнам и
Азербејџан 96% индекс на ослободеност од глад.