1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пет жртви во заложничката драма во Карлсруе

Крвав крај на едно киднапирање - пет лица денеска ги загубија животите во Карлсруе, кога станар во зградата се спротивставил на присилното иселување од станот.

Меѓу загинатите се и киднаперот и една жена. Загинаа и судскиот извршител, уште едно лице од групата за присислно иселување, како и браварот кој требало да ги смени бравите на станот. За попладнево полицијата најави прес-конференција со повеќе детали.

Присилното иселување во поткровјето на зградата, која се наоѓа во северниот дел на Карлсруе, било планирано за рано изутринава (04.07). Станарот ги пуштил судскиот извршител и неговата придружба во станот во девет часот. Непосредно потоа се слушнале повеќе истрели. По речиси тричасовна заложничка драма, полициски специјалци упаднале во станот откако претходно забележале како оттаму излегува чад. Што точно се случувало во станот засега е непознато. Полицијата го има блокирано местото на настанот. Евакуирани се и неколку улици околу зградата.