1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пет години од Охридскиот договор - Македонија со значаен напредок

Амбасадорите на САД, ЕУ и ОБСЕ, во Скопје денеска напишаа: “На петгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со големо задоволство констатираме дека Македонија има постигнато значаен напредок во насока на развивање стабилна и демократска мултиетничка држава.“

default

Демократската унија за интеграција и Партијата за демократски просперитет, четврти ден по ред со блокади го притискаат мандатарот Никола Груевски да бидат дел од неговата влада. Протестите коинцидираат со петгодишнината од Раковниот договор, и најсилен адут на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во подигањето на тензиите во Македонија е неговата закана дека овој голем меѓуетнички договор може да биде доведен во прашање. Весникот на албански јазик, Факти, тоа го става во контекст на проблематизирање на унитарниот карактер на Македонија, за што инаку “интегративците“ се залагаат во својата партиска програма. Дел од експертите во албанската етничка задница, ново-стариот сојуз, ВМРО ДПМНЕ и ДПА за составување на идната македонска влада, го коментираат низ призмата на Раковниот договор. Доктор Имер Исмаили, професор на Штуловиот универзитет во Тетово вели:

“Јас останувам во надеж дека меѓународната заедница, која е присутна во Македонија, ќе стави крај на сето ова што се случува со сите нас.“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара меѓународна поддршка за учество и во идната влада со адут за можна опструкција во дореализацијата на Рамковниот договор, особено поради гласањето на законите важни за националните права, пред се на Албанците. Притоа се користи шансата дека идното владино и парламентарно мнозинство, нема мнозинство со Бадинтеровиот принцип – еден пратеник повеќе од половината избрани во парламентот од сите етнички заедници во Македонија. Професор Владо Поповски, еден од експертите во составувањето на програмските и етничките приоритети на Охридското примирје пред пет години и донесувањето на Рамковниот договор, коментира:

“Ако биде блокиран процесот на носење нови закони од областите кои што директно ги тангираат етничките интереси, тогаш значи дека важат старите закони. Тоа значи дека ДУИ со својата пратеничка група ќе застане наспроти реформскиот процес.“

За разлика од домашните оспорувања, во денешната заедничка изјава амбасадорите на САД, ЕУ и ОБСЕ, во Скопје пишуваат: “На петгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со големо задоволство констатираме дека Македонија има постигнато значаен напредок во насока на развивање стабилна и демократска мултиетничка држава. “ Миловановиќ, Фуере и Паиш натаму пишуваат: “Сите закони што произлегоа како обврска од договорот се усвоени, а направен е и одличен старт во имплементирањето на виталните процеси, почнувајќи од пропорционалната застапеност и децентрализацијата, се до употребата на знамињата и симболите, особено на албанската етничка заедница. “ Во заедничката изјава на тројцата амбасадори, на крајот се вели: “Владата, политичките партии, граѓаните, преку интензивен дијалог мора да овозможат да продолжи целосното имплементирање на Рамковниот договор, како декларативно, така и во практика.“