1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пет години од нападите на 11.9.2001 – САД загубија од угледот

Терористичките напади од 11 септември 2001 година ги најдоа САД неподготвени, и покрај многубројните знаци дека се подготвува атентат. Одговорните оттогаш повлекоа голем број консеквенци – надворешно-политички, безбедносно-политички и внатрешно-политички. Некои велат - Америка стана друга земја.

Џорџ Буш, претседател кој поларизира

Џорџ Буш, претседател кој поларизира

Претседателот Буш во секоја прилика ги потсетува Американците:

“Нашата нација е сеуште во војна. Војната на нашиот брег дојде на 11 септември 2001 година со изненадувачки напад. Како и генерациите пред нас, и ние се најдовме пред нова одговорност. “

Оттогаш владата на претседателот Буш водеше две војни, и дозволи една трета – во Либан. Во Авганистан, со меѓународна поддршка е урнат талибанскиот режим. Ал Каеда загуби едно од своите сигурни засолништа заедно со неговите центри за обука. Топ терористот Осама Бин Ладен и Завахири, меѓутоа и пет години по наапдите, се во бегство. Иако, Џорџ Буш во 2001 година со големи зборови најави: “Јас сакам правда. На дивиот запад имаше еден постер на кој што стоеше: “жив или мртов“.“

Со војната во Ирак, во 2003 година е отворен втор фронт во т.н. војна против теророт, кој од САД до денеска бара многу во воена и финансиска смисла. Експертите го сметаат Ирак за ново упориште на теророт. Мајкл О“Ханлон од институтот за политика, “Брукингс институшн“, вели: “Како нација дојдовме до точка кога мора да решиме дали сме подготвени дали и натаму ќе се ангажираме во Ирак или да признаеме пораз и да се обидеме трошоците од поразот да ги задржиме во разумни рамки. “

Со неговата нова доктрина, што Буш му ја презентираше на американскиот конгрес по нападите и која предвидува и право на превентивен воен удар против терористичките закани, тој ја стави владата на САД во безбедносно-политичка смисла на нов спорен терен. Новата доктрина доведе до ново вооружување, пред се во земјите кои Буш ги нарече оска на злото – Северна Кореја и Иран.

Што се однесува до меѓународниот углед, САД денеска стојат многу полошо отколку пред пет години. За тоа придонесоа и скандалот со затворениците во Абу Гарив и во логорот Гвантанамо. Егзекутивните права во борбата против теророт што ги промовираше претседателот, наидоа на граница и во САД. Врховниот суд летово ги прогласи за противуставни воените судови во Гвантанамо. Зајакнатите инструменти за набљудување во земјата, кои ги предвидува т.н. Патриот акт не секогаш ги даваат саканите резултати. Министерството за заштита на татковината, кое беше основано како некакво супер министерство, се покажа недоволно ефикасно во случајот на ураганот Катрина. Програмата за прислушување, авторизирана од претседателот Буш, предизвикува и натаму контроверзи и полемики. Експертот за тероризам, Мајкл О’Ханлон објаснува: “Овие практики, во извесна смисла, се оправдани. Не можат да се заштитат големи градови, згради или хемиски фабрики, туку терористите треба да бидат пронајдени пред да извршат напад. На оваа логика на Буш тешко дека може да и се противречи. За жал, Буш е претседател кој толку многу ги поларизириа духовите, што недостига општествен консензус за ваквите мерки.“

Ако една година по нападите од 11 септември 90% од американските граѓани и дадоа дорба оценка на владата во борбата против тероризмот, денеска, пет години подоцна, само половината од граѓаните се чувствуваат добро заштитени.