1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пет години од апсењето на Караџиќ

На 21. јули 2008. година беше уапсен извесен Драган Давид Дабиќ, алтернативен медицинар. Зад овој лажен идентитет меѓутоа се криеше еден од најбараните мажи на светот - осомничениот за воени злосторства Радован Караџиќ.

Обвинителството на Хашкиот трибунал уште во ноември 1995 година го обвини за геноцид и злосторства против човештвото, сторени над несрпското население во војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, во која загинаа најмалку 100.000 луѓе, а повеќе од два милиона беа принудени на бегство.

Radovan Karadzic

Радован Караџиќ како д-р Дабиќ на трибина во Кикинда 28.01.2008.

Полни единесет години траеше неговото бегство од меѓународната првада. Наводно се криел по православни манастири во Црна Гора и во Србија, но е откриен среде Брелград, преправен во брадест, егзотичен доктор Дабиќ, „специјалист за природна медицина“, соработник на списаниетот „Здрав живот“ и учесник на многу јавни трибини.

Симнување на маската

На 21. јули 2008. година беше симната оваа бизарна маска и пред лицето на јавноста се појави најбараниот хашки обвинет, кој беше пренесен во притворот на Трибуналот десет дена подоцна. Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, сите единесет години, додека Караџиќ беше во бегство, ја тресеше и српската и светската јавност со барањата да биде преземена сериозна потрага по него, за да се застaнe на патот на секаква неказнивост за воени злосторства. Тие барања меѓутоа беа дочекувани со индоленција, тапкање во место, опструкции и гласини.

Хашкиот трибунал се покажа поефикасен. Обвинителството почна да ги изнесува своите докази на 13. април 2010, а заврши на 25. мај 2012. година. Помалку од пет месеци подоцна започна вториот дел од судењето.

Како „психијатар, писател и човек на мирот“ Караџиќ се претстави пред Хашкиот трибунал на 16. октомври 2012. година, во воведниот збор на почетокот на доказната постапка на одбраната, која самиот ја застапува. На почетокот на процесот во април 2009. година, кога обвинителите почнаа да ја докажуваат неговата вина, Караџиќ истакнуваше дека не се брани себеси туку српскиот народ. Во втората половина од судењето, кое е во тек, акцентот е на сопствената одбрана.

Karadzic und Mladic Archiv 1993 in Pale

Караџиќ и Младиќ во 1993. на Пале

„Неместо казни, заслужувам награда за сите добра кои сум ги сторил“, рече тој и негираше секаква одговорност за масакрот во Сребреница.

„Наредив да се заштитат цивилите и да се разменат заробениците“, инсистира Караџиќ, што индиректно значи дека не била почитувана неговата наредба и дека само Ратко Младиќ носи одговорност за масакрот. Меѓутоа обвинителите сметаат дека генерал Младиќ на воено поле ги реализирал „стратешките цели на политичкиот шеф на босанските Срби“, кои се сведуваа на едно - етничко чистење.

На половина од судењето, во јуни минатата година, Првостепениот совет го ослободи Караџиќ од обвинението за геноцид во седум босанскохерцеговски општини (Братница, Власеници, Зворник, Фоча, Кључа, Приједор и Сенски Мост), оценувајќи дека злосторствата на силите на Република Српска се тешки, но не и такви „вон разумен сонеж“ и биле сторени за „босанските муслимани и Хрвати во целост или делумно да бидат уништени како етничка или верска гурпа“.

Прифаќање на жалбата

Оваа одлука ја обжали Хашкото обвинителство. Жалбениот совет на 11. јуни годинава ја прифати жалбата, оценувајќи дека постојат докази дека во седумте општини биле „сторени злосторства кои претставуваат елементи на геноцид“. Судиите соопштија дека сметаат дека доказите на обвинителството, оти Караџиќ имал намера да стори геноцид, се убедливи и ја вратија оваа точка во обвинението, анулирајќи ја одлуката на Првостепениот совет.

Со оглед на тоа што во обвинението е вратена оваа точка, Караџиќ во својата доказна постапка ќе мора да се брани и од обвинението за геноцид во наведените седум општини, а не само за Сребреница, како и за етничко чистење на големи делови на БиХ, терор над Сараево и земање за заложници на припаднците на мировните трупи.

Поврзана содржина