1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пет години во служба на Македонија

Македонскиот амбасадор во Германија Ѓорѓи Филипов беше примен во проштална посета кај сојузниот претседател Хорст Келер. Филипов е македонски амбасадор во Берлин од 26 септември 2005 година.

default

Политичките, економски и односите во сферата на културата меѓу Македонија и Германија во последниве пет години се во нагорна линија. Индикатори за ова се постојани контакти на највисоко ниво, соработката на армиите и министерствата за внатрешни работи, удвоената стопанска размена и културната презентација на Македонија во Германија. Амбасадорот Ѓорѓи Филиов не штеди бројки и статистики да ја аргументира својата петгодишна активност. Посебно потсетува дека македонски претседатели пет пати во неговиот мандат ја посетиле Германија, а две визити возвратил и германскито шеф на државата, Хорст Келер. Своевиден рекордер е секако шефот на дипломатијата, кој дури 19 пати престојувал во Германија, а амбасадата ги организирала и осумте посети на шефот на владата. Или вкупно 109 македонски високи по ранг политичари престојувале во Германија, не сметајќи ги делегациите од пониско ниво. Што за амбасадорот Филипов било хајлајт во изминативе пет години?

Приоритети и ангажман

„Акцент ставивме на економскиот развој и визната либерализација. Германија е главен донесувач на одлуките во однос на тоа која земја ќе добие виозна либерализација или не.

Der mazedonische Botschafter in Deutschland mit dem Bundespräsidenten Köhler

Македонскиот амбасадор Филипов и германскиот претседател Хорст Келер (26 септември 2005)

Тука многу ни помогна. Доста влијаеше на тоа да се прекрши идејата и да се каже-Македонија е зрела за безвизниот режим. Тоа беше и е се‘ уште важен елемент за чувството на живеење на еден демократски континент како Европа“.

Го прашуваме Филипов како гледа на ситуацијата која неодамна ја опиша еден парламентарец: Германија има симпатии кон Македонија, но е солидарна со Грција.

„Симпатиите се една работа, интересите се друга. Германците се многу рационални луѓе. Кога се работи за политика и за интереси, ги користат правилата на бизнисот - а тоа значи секогаш интересот е на место број еден. Секој ќе ви каже: ’Да, вие сте во право, меѓутоа овдека се работи за политика и за интерес. Ние секогаш ќе тврдиме-имаме симпатии за македонскиот народ и Македонија, меѓутоа ќе ги почитуваме правилата на клубот Европска унија, кој се‘ уште се смета за ексклузивен’. Велат, колку и да не е во право еден нејзин член, тие солидарно ќе го поддржуваат тој член.“

Подигање на свесноста за Македонија

Според Филипов, во изминативе пет години свесноста кај германскиот народ и политичарите пораснала за тоа зошто Македонија инсистира на своите права и почитување на Времената спогодба од страна на Грција.

„Ова не е само кочење на Македонија кон приближување кон ЕУ. Дава пример и на другите земји кои се кандидати. Тоа е всушност закочување воопшто на развојот на ЕУ. Зашто, доколку овој

Kranzniederlegung vor den Gedenktafeln in Ellwangen

Филипов беше присутен секаде каде стануваше збор за Македонија и македонското, редовно беше и во Елванген

принцип успее, што би кажале за останатите земји што чекаат зад нас“.

Колку, пак, Филипов имал одврзани раце во својата работа?

“Слободата на делување на еден амбасадор не е многу голема. Амбасадорот е тој што пренесува вести. Уметноста е како ќе ги пренесете, на кој начин, кому и во кое време ќе ги кажете. Некојпат да пренесете вести со кои и самите не се сложувате. Меѓутоа, улогата ви е таа. Вие не сте креатор, туку спроведувате политика што друг ја креирал. Задачата на амбасадорот е ограничена. Во исто време-многу слободна околу организирањето на културните, стопанските и промотивните активности, да работите исклучиво во интерес на сопствената земја, вели амбасадорот Ѓорѓи Филипов, кој од Берлин виа Скопје по неколку месеци дипломатската функција ќе продолжи да ја врши во Виена.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска